Научници одгледале лабораториски тестиси

February 25, 2024
1 min read

Истражувачите од Универзитетот Бар-Илан во Израел произвеле органоиди – вештачки минијатурни органи – кои вешто ја имитираат структурата и функцијата на природните тестиси. Овие органи одгледани во лабораторија, израснати од клетки земени од глувчешки тестиси, формирале мали тубули за копи се верува дека имаат потенцијал во некои следни фази да произведуваат сперма како вистинските тестиси.

Истражувањата покажуваат дека еден од осум парови наидуваат на проблеми при обидот да имаат деца, а во околу половина од случаите проблемот лежи во машкиот партнер. Нискиот број на сперматозоиди или лошиот квалитет на спермата може да има повеќе причини, вклучително и генетски дефекти, хормонална нерамнотежа и друго. Одгледување вештачки тестиси нудат уникатен увид во разбирање на проблемите и нивно потенцијално лекување.

Тестисот врши две клучни работи кај мажите – производство на сперма и синтетизирање на хормонот тестостерон. Ре-креирање на овие органи во лабораторија ги снабдува истражувачите со доволно биолошки материјал за навлегување во сложените процеси што во нив се одвиваат.

Во други експериментални студии веќе се произведени органоиди на мозок, бубрези, црева и други органи.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Тетово 21 санкција за возење под дејство на алкохол

Следно

Спалети им забрани на фудбалерите да носат конзоли за игри во репрезентацијата на Италија

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop