Националниот џез оркестар со нигерискиот уметник Шеон Кути вечерва на „Охридско лето“

August 10, 2025
1 min read

Националниот џез оркестар е резултат на напорите на врвните џез-музичари од земјава со интернационална кариера, студенти и професори од џез-академиите во Скопје и Штип, како и на бројните љубители и поддржувачи на џез-музиката во Македонија.

Како национална установа постои од 2024 година, а почетоците и првите биг-бенд концерти датираат од 2016 година, во рамките на Здружението на џез-музичари и слободни уметници.

Мисијата на оркестарот е да ја обедини и збогати македонската џез-сцена преку афирмација и популаризација на џез-музиката, како во земјава, така и на меѓународно ниво. Целта на оркестарот е да ја подобри музичката продукција, да едуцира млади таленти и нова публика, и да организира настани кои ќе помогнат во негувањето на џез-културата и културата, воопшто.

Шеон Кути е нигериски музичар, пејач и текстописец, познат по своите атрактивни изведби и социјално свесна музика. Најмладиот син на пионерот на афробитот, Фела Кути, поголемиот дел од својот живот го помина зачувувајќи го и продолжувајќи го политичкото и музичкото наследство на неговиот татко како водач на бендот „Еџипт 80“ (Egypt 80).

Неговата дискографија со бендот вклучува 5 албуми од кои последниот Heavier Yet (Lays The Crownless Head,) издаден минатата година, е продуциран од Лени Кравиц.

Шеон Кути е номиниран за наградата „Греми“ во 2018 година и често соработува со врвни џез-музичари.

На програмата ќе бидат изведени авторски композиции од богатото творештво на Шеон Кути, со аранжмани специјално направени за изведба со биг-бенд оркестар. 

За вечерашниот концерт е резервирана летната сцена „Долни Сарај“ од 21 часот. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес со јачина од 6,1 степени ја потресе западна Турција

Следно

Плусинфо дознава: СО КОГО РАЗГОВАРА ИЗЕТ МЕЏИТИ? Главен урбанист на Ердоган од Истанбул би можел да биде во тимот на лидерот на Вреди

Latest from Blog

Градоначалникот Дејан Проданоски до доцна во вечерта разговараше за предизвиците на граѓаните и нивни решенија

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, одржа приемен ден со граѓаните во попладневните часови, почитувајќи го нивното работно време и овозможувајќи им директно да ги споделат своите предлози, проблеми и идеи. Средбите со

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на Ферит Хоџа за шеф на дипломатијата и очекува подобрување на положбата на Македонците

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на новиот албански прв дипломат Ферит Хоџа, со очекувања да се заложи за подобрување на правата на Македонците во Албанија. “Дозволете ми, во име на

Владата на Гвинеја распушти 40 политички партии; опозицискиот лидер повика на отпор

Претседателот Мамади Думбуја, поранешен командант на силите за специјални операции, ја презеде власта во 2021 година со воен удар. Во декември тој освои седумгодишен претседателски мандат, резултат кој беше оспорен од опозицијата.
Go toTop