НАЦИОНАЛНАТА БИБЛИОТЕКА ВО ОСЛО ЌЕ ДОБИЕ МАКЕДОНСКО КАТЧЕ СО НАД 400 КНИГИ

June 6, 2024
1 min read

Во Националната библиотека во Осло ќе се отвори Македонско катче, со донација од Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје. Тие донираат 377 книги на македонски јазик, по иницијатива на Ротари клубот „Камен мост-Скопје“.

Претседателката на клубот, проф. д-р Радмила Димовска, при нејзината посета на Националната библиотека во Осло, која е една од најзначајните во Европа, констатирала дека не постои катче на македонски јазик.

„При вообичаена посета на библиотеката, утврдив дека на нејзините полици недостасуваат македонска литература и македонски автори. Оттаму произлезе интересна идеја за акција на Ротари клубот ‘Камен Мост’. Преку моите колеги во Норвешка, кои иницијално го направија контактот со библиотеката, наидовме на воодушевување за можноста да ја збогатат својата литературна ризница со книги на македонски јазик. Стапивме во контакт со Издавачкиот центар ‘Три’ и ‘Македонската Асоцијација на издавачи’ и акцијата финишираше успешно, со примопредавање на книгите во Норвешкиот конзулат во Скопје“, вели проф. д-р Димовска.

Од 2022 македонскиот јазик организирано се изучува во Осло. Во моментов има четириесетина заинтересирани кои активно посетуваат часови по македонски јазик еднаш неделно.

Поддржувајќи ја иницијативата, Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, кој истовремено ја извршува функцијата на генерален конзул на Кралството Данска и конзул на Кралството Норвешка, а членува и во Ротари клубот „Камен Мост“ Скопје, презема обврска за испорака на пратката, која се поткрепува со донација на уште шеесеттина македонски наслови.

„Срдечно ја поздравувам иницијативата на д-р Радмила Димовска, која изминативе неколку месеци заедно со членовите на клубот посветено работеше на собирање на што повеќе наслови на македонски јазик и соодветно опремување на македонското катче во Националната библиотека во Осло. Особено ми е драго што се вклучивме со логистичка поддршка и дополнителна донација на преводи на македонски јазик од дански и норвешки автори и збирки поезија од Ана Бунтеска. Се надевам дека оваа акција нема да запре со една пратка. Повикувам и апелирам на нејзино продолжување, кое секако сме тука да го поддржиме“, изјави Мукаетов.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Истекува рокот за поднесување кандидатура за претседател на СДСМ

Следно

Фудбалската школа ФК Форца – Шампиони на Македонија со две генерации!

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop