Национална конференција „Заедно сме посилни”

March 3, 2025
1 min read

Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес денеска ја организираше годинашната Национална конференција „Заедно сме посилни” – со нагласок на можностите, предизвиците и способностите на жените и девојките со попреченост и жените од руралните средини. Конференцијата е поддржана од Кралството Шведска и шведската Фондација „Kvinna till Kvinna“ („Жената за жената“).

На собирот, обраќање имаше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како и министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани. Претседателката на државата смета дека процесот е во прогрес, но има недовршена работа. Таа истакна дека основен темел за остварување на правата, можностите и слободите на лицата со попреченост е Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Нејзината имплементација е една цел.

– За жал, ние сѐ уште не сме стигнале до целта. Како претседател, јас ги поставувам лицата со попреченост високо на мојата агенда, изјави Сиљановска-Давкова.

Таа особено ја нагласи потребата да се урнат пречките во физичката пристапност, но и во пристапот до надминувањето на пречките со коишто сѐ уште се соочуваат овие лица воопшто, но и жените посебно.

Министерот Лимани ги истакна потребите од општествена и економска независност на жените од ранливите категории, во насока на нивно лично остварување, со што секако ќе бидат и ќе се чувствуваат полезни за општеството.

На конференцијата, збор имаа и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас и амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Јаин, кои ја повторија неопходноста од инклузија и рамноправни можности за лицата со попреченост, т.е. особено жените во општеството.

– Лицата со попреченост се можеби едно од најголемите малцинства во светот. Жените со попреченост, во таа смисла, се соочуваат со повеќекратни пречки на стигматизација, со исклученост, затвореност, застарени сфаќања и други бариери, што го прават проблемот неколкукратно посложен, истакна Ларсон Јаин.

Следеше дискусија, во која учествуваа три жени – претставници на здруженијата на лица со попреченост: Роза Мојсовска – ликовна уметница, Бејра Салифоска – специјална едукаторка и рехабилитаторка, и Валентина Тасева – едукаторка. Се работи за три успешни приказни кои се примери за тоа дека попреченоста не мора да биде пречка за успех и напредок – и тоа е доказ дека секому му треба пружена можност.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се повлекува познатата „Дубаи чоколада“ од БиХ

Следно

Ангелова: Дигитална трансформација и квалитет на УКИМ ни се клучни приоритети

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop