Наставници од Кисела Вода се обучуваат за изведување на часови по шах

November 19, 2025
1 min read

Шахот станува сè поприсутен во воспитно-образовниот процес, а растечкиот интерес кај учениците ја зголемува потребата наставниците да бидат соодветно обучени за негово реализирање во рамки на наставата. Во таа насока, денес во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа обука за наставници од основните училишта на територијата на општината. Обуката ја организира Шаховскиот сојуз на Град Скопје, кој во континуитет работи на развојот и интеграцијата на шахот во основното образование. Како дел од соработката, Шаховскиот сојуз донираше и по два шаха за сите основни училишта во општината.

Со текот на активностите и методолошкиот пристап што наставниците ќе го применуваат во наставата се запозна и градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, која присуствуваше на дел од обуката.

-Како општина, даваме силна поддршка на сите процеси што го унапредуваат образованието и создаваат вредности кај најмладите. Шахот е предмет кој развива концентрација, аналитичко размислување и дисциплина, вештини што им се важни на учениците. Оваа обука им овозможува на наставниците професионално да се подготват и да го пренесат знаењето на квалитетен и структуриран начин. Верувам дека со ваквите програми ќе продолжиме да градиме посилен образовен систем во нашата општина- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

-Обуката е важна и задолжителна, бидејќи наставниците стекнатите знаења ќе ги имплементираат во изборниот предмет Шах, во рамките на наставата. Шахот веќе три години се имплементира како изборен предмет. Од прво до трето одделение е воспоставен како слободна ученичка активност, а во четврто и петто како изборен предмет. Наставниците што ќе ја завршат обуката добиваат сертификат со кој можат да држат часови по шах- изјави Ѓорѓи Миновски, претседател на Шаховскиот сојуз на Град Скопје.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото: Елегантната Меланија Трамп воодушеви со стајлингот

Следно

10 Мудрости од Историјата кои и Денес го Менуваат Начинот на Размислување

Latest from Blog

Божиновска: Македонија тргнува кон силен раст на обновливите извори

Владата го усвои Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025–2030 – стратешки документ што ја поставува државата на јасна патека кон енергетска трансформација, одржлив развој и целосно усогласување со европските политики.

Меџити: Почнува реконструкцијата што ќе ја разубави Старата чаршија

Општина Чаир денеска официјално ќе го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџиска“, како и на уште пет помали улици во Старата скопска чаршија – еден од најзначајните културно-историски локалитети во главниот

Коњановски: Битола продолжува да создава врвни културни настани

Синоќа во Битола, во големата сала на Народниот театар, се одржа празничниот концерт „Премин 26“, уникатен музички проект на Оливер Јосифовски кој на публиката ѝ понуди несекојдневно уметничко доживување. Настанот привлече бројни

Меџити: Почнува реконструкција на „Самарџиска“ во Старата чаршија: Проект од 28,7 милиони денари за нов лик на историскиот дел на Скопје

Општина Чаир денеска официјално ќе го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџиска“, како и на уште пет помали улици во Старата скопска чаршија – еден од најзначајните културно-историски локалитети во главниот
Go toTop