Населението на ЕУ надмина 450 милиони жители

July 11, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Вкупното население на 27-те земји членки на Европската Унија достигна 450,4 милиони жители на 1 јануари 2025 година, покажуваат официјалните податоци на Евростат објавени денес, јавува Анадолу.

Населението на ЕУ се зголемило за 1,07 милиони луѓе во споредба со претходната година, а ова е четврта година по ред со пораст, откако во 2021 година беше забележан пад како последица на пандемијата на Ковид-19.

На почетокот на 2024 година, населението на ЕУ изнесуваше 449,3 милиони.

Според проценките и прелиминарните податоци, Германија ќе остане најнаселена членка на ЕУ во 2025 година со 83,6 милиони жители, по неа следува Франција со 68,6 милиони, Италија со 58,9 милиони, Шпанија со 49,1 милион, Полска со 36,5 милиони, Романија со 19 милиони, Холандија со 18 милиони и Белгија со 11,9 милиони жители.

Од друга страна, најмалку населени земји во ЕУ се Малта со 574.000 жители и Луксембург со 681.000 жители.

„Забележаниот пораст на населението во голема мера може да се припише на зголемените миграциски движења по Ковид-19“, се наведува во соопштението на Евростат.

Од 2012 година наваму, негативната природна промена (повеќе починати отколку родени) во населението на ЕУ е надоместена со позитивната нето-миграција, додава статистичката служба на Унијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција – извршени проверки на 531 локација низ државата

Следно

„Море од облаци” ги покри падините на планините Качкар во североисточна Турција

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop