Народна банка: Нето надворешниот долг на земјата изнесува 4.630 милиони евра

March 26, 2025
1 min read

Народната банка на Македонија попладнево го објави статистичкото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

Како што велат, на 31.12.2024 година, нето надворешниот долг изнесувал 4.630 милиони евра (или 30% од БДП).

Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2024 година е зголемен за 183 милиони евра, или за 4,1%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71,7%.

Во текот на четвртиот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 193 милиони евра и изнесува 8.767 милиони евра, што претставува 56,8% од БДП за 2024 година.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СТУДЕНТИТЕ НА САРА ПРОЈКОВСКА СО ПЕСНАТА „КОГА ТЕ НЕМА“ ГИ РАСПЛАКАА СИТЕ НА КОМЕМОРАЦИЈАТА НА ФМУ

Следно

Израелски пилот кој дал отказ бара прекин на геноцидот во Газа и гонење на сторителите

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop