Напаѓачот од Магдебург споделувал антиисламски ставови, ја поддржувал екстремната десница и ционистите

December 21, 2024
1 min read

Талиб А., лекар роден во Саудиска Арабија, е осомничен дека го извршил нападот со возило на божиќниот пазар во Магдебург, Германија, во кој загинаа четири лица, а стотици се повредени. За напаѓачот се дознава дека имал антиисламски ставови и ја поддржувал екстремистичката десницата и ционизмот, пренесува Анадолу.

Педесетгодишниот Талиб А, кој живее во Германија од 2006 година и има дозвола за престој во земјата на неопределено, работи како лекар во градот Бернбург, а утврдено е дека на социјалните мрежи споделувал објави во кои нагласувал дека тој бил „загрижен за подемот на исламот во Германија“, објавија германските медиуми.

Тој споделувал објави во кои ја поддржува екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) и други антиисламски екстремно десничарски формации во Европа и ја споделил т.н. голема карта на Израел, која делумно ја покрива турската територија.

Пред да биде суспендиран профилот на осомничениот, германските медиуми пронајдоа фотографии на кои е прикажана пушка, а информациите на неговиот профил покажуваат дека тој ја обвинува Германија за „лов на бегалци од Саудиска Арабија“ и „исламизација на Европа“ и дека „ја смета германската нација одговорна за убиството на Сократ“.

Во пораката што ја сподели напаѓачот на 10 декември 2023 година, тој ја обвини германската држава за угнетување на бегалците од Саудиска Арабија и се закани: „Ве уверувам дека одмаздата ќе дојде 100 %. Дури и да ме чини живот. Германија ќе плати цена за ова. Голема цена.“

Во пораката објавена во мај, тој навел: „Сериозно очекувам да умрам оваа година. Причина: Ќе ја осигурам правдата по секоја цена. Германските власти ги блокираат сите мирни патишта до правдата“.

Набргу потоа, објавил порака на арапски: „Ве уверувам дека ако Германија сака војна, ние ќе го сториме тоа. Ако Германија сака да нѐ убиен ние ќе ги заколеме, ќе умреме или гордо ќе заминеме во затвор. Бидејќи ги исцрпивме сите мирни средства, се соочивме со нов криминал од полицијата, обвинителството, судството и Министерството за внатрешни работи. Мирот не им користи за ништо“.

Германските медиуми објавија дека осомничениот споделувал навредливи објави против христијаните и муслиманите на социјалните мрежи, го фалел израелскиот геноцид и другите напади врз Газа, а иако Саудиска Арабија побарана негова екстрадиција, тој не бил вратен во таа земја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиќна порака на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов

Следно

Пешевски го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Latest from Blog

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност

„Неговата состојба е сериозна, но стабилна. Нема опасност по неговиот живот и тој е свесен“, изјави неименуван извор. Генерал-потполковник Алексеев, прв заменик-началник на Генералштабот на руските вооружени сили, беше убиен во станбена

Д-р Чибишев: Ова со марихуаната е невиден криминал, категорично бев против легализацијата и сум бил во право!

Во 2015 година кога се праваше притисок за легализирање на марихуаната, односно маслото од канабис, и кога дел од јавноста сметаше дека тоа е можеби спасоносно решение за болните од рак, што
Go toTop