Напаѓачот на џамијата во Канада осуден на осум години затвор

July 26, 2023
1 min read

ТРЕНТОН (АА) – На осум години затвор е осудено лицето што со секира изврши упад во џамија во Торонто и планирало масовно убиство, јавува Анадолу.

Мохамад Моиз Омар со секира и спреј за мечка влегол во исламскиот центар „Дар Ал-Тавхид“ во Мисисага, каде што околу 30 верници вршеле утринска молитва на 19 март 2022 година.

Според судската согласност со претставувањето на фактите, Омар „имал намера да изврши масовно убиство и бил обземен од интензивна омраза и желба да ги заплаши муслиманите“. Тој верувал дека исламот е „нетолерантна и насилна религија“.

На 19 јули Омар се изјаснил за виновен за три обвиненија: користење штетна супстанција (спреј за мечка) со намера да предизвика телесни повреди, напад со оружје и оштетување верски имот. Тој, исто така, се согласил дека нападот претставува терористичка активност. Во моментот на нападот имал 24 години.

За време на сослушувањето на 19 јули имамот на џамијата, Ибрахим Хинди, рече дека нападот бил ужасен.

„Ова не беше случај на некој што има лош ден или епизода поради менталното здравје“, рече Хинди за канадската радиодифузна корпорација.

„Ова беше некој што јасно планирал што да прави и сакаше да ги убие муслиманите“, рече Хинди додавајќи: „Само сум благодарен што верниците успеаја да го спречат пред да може на крајот да повреди некого.“

Верниците што биле собрани можеле да го соборат Омар на подот. Никој не бил посериозно повреден, иако едно лице добило клоци во стомакот, а неколкумина биле испрскани со спреј за мечка. Штетата на џамијата се проценува на 16.000 канадски долари (12.140 американски долари). Омар ѝ кажал на полицијата дека е муслиман, но сега е атеист.

Адвокатот на Омар и обвинителството се договориле за осумгодишна затворска казна на сослушувањето на 19 јули, а вчера се согласил и судијата. Имајќи го предвид времето поминато во притвор, Омар ќе биде затворен нешто повеќе од пет години. Тој ќе има право на условен отпуст за половина од тоа време.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Над 38 Целзиусови степени измерени во водите на океанот кај Флорида

Следно

Курти: Не може да има избори пред деескалација на ситуацијата на северот на Косово

Latest from Blog

Селта се спаси од пораз на домашен терен

Со гол постигнат во втората минута од судиското продолжение, тимот на Селта предмалку се спаси од пораз на свој терен во дуелот против Џирона, кој што заврши со конечен резултат од 1:1.

На 46-години почина легендарниот боксер Рики Хатон

Трагична вест пристигнува од Манчестер, каде утрово е пронајден мртов Рики Хатон, една од најголемите британски боксерски легенди. Безживотното тело на 46-годишниот Хатон било пронајдено во неговиот дом во Хајд, во реонот

Мицкоски ја посети „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети депонијата „Дрисла“. – Денеска ја посетив Дрисла, каде што се уверив дека пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола. Благодарение на навремената интервенција на службите,
Go toTop