Нападите преку Днепар биле самоубиство

December 17, 2023
1 min read

„Војниците и маринците кои учествуваат во преминувањето на реката ја опишуваат офанзивата како брутална и излишна, во која бранови од украински војници се покосени на речниот брег или во водата, уште ред воопшто да стапнат на другата страна,“ пишува Њујорк тајмс пренесувајќи сведоштва од украинските борци.

Тие сведочат дека условите на тој дел од фронтот се станати толку лоши што на најголемиот дел тие немаат ни каде да се вкопаат. Првиот пристап до брегот обично е преку мочурливи островчиња преплетени со рекички и ливади кои сега се претворени во бари од кал и кратери полни со вода.

Дел од најголемите борби се водат на некои си 30-на километри северно од Керсон, во селото Кринки, каде украинските сили успеваат да освојат еден појас рибарски куќички. Тоа е единственото место на источниот брег од Днепар на кое успеваат да се задржат.

Русите на нивниот успех одговараат со масовно ракетирање и бомбардирање кое целиот ред куќи и брег го претвора во масовно калиште прекриено со распарчени дрвја.

„Новите војници кои доаѓаат на источниот брег мора да газат преку телата на војниците кои седат заглавени во превртената кал, изјави Олексиј, искусен војник кој се бореше во Кринки во октомври и од тогаш во повеќе наврати ја премина реката за да помогне во евакуирањето на ранетите.

Некои од мртвите маринци лежат таму речиси два месеца, бидејќи единиците не можат да ги соберат телата заради интензивното ракетирање, изјави Володимир, заменик командант на една од единиците.

По негови зборови ‘источниот брег е многу тежок… оние кои го преминуваат се вистински херои, мажи со огромна волја’,“ пишува Тајмс.

Задачата за преминување на Днепар ја добиваат украинските маринци кои минатата година беа обновени до полн потенцијал со неколку новоформирани бригади. На изјавите на Зеленски и украинската влада дека војската успеала да воспостави неколку упоришта на источниот брег на Днепар, маринците од теренот тврдат дека тоа се претерани изјави.

„Не постојат такви позиции. Не постои нешто како место за надзор или позиција. Невозможно е тука да се направи упориште. Невозможно е да се движи опрема тука.

Ова не е ни борба за опстанок, ова е самоубиствена мисија,“ ќе изјави Олексиј за Њујорк тајмс.

Тој се жали дека лошата подготовка на украинските команданти и лошата логистика ко десеткувале неговиот баталјон. Олексиј раскажува дека ранети војници се оставени на другиот брег заради недостаток на бродови, а бруталните услови само го намалуваат моралот и поддршката на еден војник со друг.

„Луѓето што стигнуваат таму не се психолошки подготвени. Тие не разбираат ни што се случува. Командантите не им кажуваат кога ги праќаат таму,“ објаснува Олексиј.

Олексиј, кој од фрустрираност со загубите на фронтот дава изјава за Тајмс, порачува „вакво нешто немав видено ни во Бахмут, ни во Соледар.“

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПОЧИНА СЛАВНИОТ ГРУЗИСКИ РЕЖИСЕР ОТАР ЈОСЕЛИАНИ

Следно

ДОМ ја промовира предизборната програма 2024-2028

Latest from Blog

Нови строги казни во Грција, и по 1500 евра: Ако одите со дете, ова мора да го знаете!

Ако ова лето патувате во Грција, возете внимателно и подгответе ја задолжителната опрема, грчката полиција воведе построги контроли и казни за прекршувачите на сообраќајните правила. На удар се сите што немаат со

Украина, Грузија и Блискиот Исток главни теми на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ

Состојбите во Украина, Грузија и на Блискиот Исток и новиот Пакт за Медитеранот ќе бидат главни теми на денешниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија (ФАЦ), со кој ќе

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 20 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од

Лука Модриќ го облече дресот на Милан

И официјално Лука Модриќ е новиот играч на Милан. Лекарските прегледи се завршени, договорот е потпишан, а гигантот од Милано, го претстави своето ново засилување. Целодневна програма го пречека Лука Модриќ во

„МакеДокс“ во Кочани: Да се погрижиме за реалноста сега, за да имаме иднина после

Патувачкото кино на „МакеДокс“ денеска пристигна во Кочани. Проекциите на документарни филмови во рамки на програмата на патувачкото кино ќе се одржуваат од денеска до 18 и на 20 јули, на летна
Go toTop