Најмногу снег на Попова Шапка, најмногу дожд наврна во Тетово

December 26, 2024
1 min read

Извештајот на УХМР во 8:30 часот, покажува дека најмногу снег утрово имал на Попова Шапка – 68 сантиметри. Маврово има 60 сантиметри, додека во Крушево 25.

Најмногу дожд до 7 часот наврна во Тетово – 8 литри на м2, додека во Тетово има и снежна покривка од 7 сантиметри. После Тетово со најголема количина дожд е Демир Капија со 7 литри на м2, додека во Скопје наврна 6 литри на м2.

Времето денеска променливо облачно и студено со повремен локален дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Десет дена Груби е во бегство, МВР не дава точни информации каде се наоѓа

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: И ДУИ се откажа од Груби, само Венко Филипче и СДС не, затоа што се соизвршители во криминалот и корупцијата

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop