Најмалку четири лица загинаа, 90 се повредени во руските воздушни напади врз Киев и Харков

January 2, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку четири лица загинаа, а 90 се повредени во воздушните напади на руските сили во главниот украински град Киев и во Харков. Нападите беа извршени откако рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека саботниот украински напад врз Белгород нема да помине неказнето, јавува Анадолу.

„Санирањето на последиците од уште еден руски напад е во тек… Киев и регионот, Харков. Засега се знае за 92 ранети. Секој добива помош. За жал, четири лица загинаа“, рече украинскиот претседател Зеленски преку Телеграм.

Посочувајќи дека се вклучени сите неопходни служби, вклучително и над 500 спасувачи од украинската Државна служба за вонредни состојби, Зеленски истакна дека од 31 декември Русија употребила околу 170 беспилотни летала и десетици ракети од различен тип, а повеќето, според него, биле насочени кон цивилни објекти.

„Им благодарам на сите партнери што помагаат во зајакнувањето на нашиот воздушен штит. И очигледно е дека тоа помага да се спасат стотици животи секој ден и секоја ноќ, кои би биле одземени од рускиот терор ако не беа ‘Патриотите’ и другите одбранбени системи“, рече понатаму Зеленски, додавајќи дека Русија „мора да ги почувствува последиците од тоа што го прави“.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, преку Телеграм соопшти дека една постара жена загинала во главниот град на Украина, додека 33 лица се повредени, од кои 32 хоспитализирани.

Исто така, Руслан Кравченко, гувернер на регионот Киев, рече дека две лица загинале, а 11 се повредени, меѓу кои и едно дете.

Украинскиот приватен снабдувач со енергија ДТЕК извести дека во неколку подрачја на Киев е исклучена струјата.

Во меѓувреме, градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека едно лице загинало, а 45, меѓу кои пет деца на возраст од шест до 13 години, се повредени во градот.

Врховниот командант на украинските вооружени сили, Валери Залужни, тврди дека воздушната одбрана на земјата соборила 35 беспилотни летала и 72 различни вида ракети.

Реагирајќи на украинскиот напад врз градот Белгород во саботата, во кој загинаа најмалку 25 лица, Путин вчера изјави дека Русија нема да дозволи „злосторство од ваков вид“ да помине „неказнето“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во првиот ден од новата година казнети 74 возачи во Скопје

Следно

Прв коментар на Дрин Ахмети: Пиротехниката е легално купена, подароците беа за моите внуци

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно
Go toTop