Најмалку 88 Палестинци се убиени во два израелски воздушни напада врз северниот дел на Газа

November 21, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 88 Палестинци се убиени во два израелски воздушни напада врз станбени области во северниот дел на Појасот Газа рано утринава, каде граѓаните и болничкиот персонал помагаа во транспортот на повредените и мртвите во болниците откако израелските сили ја уништија инфраструктурата за итна помош на палестинската цивилна одбрана, јавува Анадолу.

Најмалку 66 Палестинци, меѓу кои и жени и деца, се убиени во израелските воздушни напади вo станбено подрачје во близина на болницата „Камал Адван“ во Беит Лахија, изјави медицински извор за Анадолу, давајќи прелиминарни процени.

Луѓето ги носеа мртвите и повредените во болница бидејќи ги нема спасувачките тимови на палестинската цивилна одбрана за да помогнат откако израелските сили ја уништија нејзината инфраструктура, рече изворот.

Тој додаде дека медицинските тимови од болницата „Камал Адван“ помогнале да се извлечат луѓето под урнатините.

„Десетици домови во близина на болницата ‘Камал Адван’ беа целосно уништени, а десетици се сериозно оштетени од израелскиот разорен воздушен напад“, изјави за Анадолу извор што бил сведок на уништувањето.

Претходно, во израелскиот воздушен напад врз објект во населбата Шеик Радван во северниот дел на градот Газа убиени беа уште најмалку 22 Палестинци.

„Во израелскиот воздушен напад врз куќата на семејството Ал-Аруки во населбата Шеик Радван убиени се 22 Палестинци, од кои 10 деца и пет жени“, изјави медицински извор за Анадолу.

Очевидец, исто така, за Анадолу изјави дека во силен израелски воздушен напад целосно е уништена шесткатниот објект на семејството Ал-Аруки, при што животот го загубиле десетици, а повеќемина се наоѓаат под урнатините.

Израел започна воена офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас минатата година, при што се убиени речиси 44.000 луѓе, повеќето жени и деца, а повредени се над 104.000.

Втората година од геноцидот во Газа наидува на зголемена меѓународна осуда, а институциите ги означија нападите и блокирањето на испораката на помош како намерен обид за уништување на населението.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата смртоносна војна против Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Засилени контроли на возила, забрана за тешки товарни, намалена употреба на службени: Владини мерки за намалување на аерозагадувањето

Следно

Истанбулскиот енергетски форум утре на едно место ќе ги собере глобалните лидери од енергетскиот сектор

Latest from Blog

Свечен прием и концерт по повод 21 Декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на ТИКА во Скопје

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) вечерва во Скопје организира свечен прием по повод 21 декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на

Вкусот на Пелистер“ повторно ги обедини Битола, Прилеп и Ресен

Неколку илјади граѓани од Битола, Прилеп, Ресен и од другите ополни општини денеска присуствуваат на манифестацијата „Вкусот на Пелистер“, која се одржува под мотото „Куќа имам на Пелистер“. Настанот е посветен на

“Студентите“ блокадери со нов протест: СЕ БАРА АВТОНОМИЈА НА САНЏАК!

Студентските протести во Србија веројатно лани почнаа – како студентски, но веќе од март годинава тие се политички деминстрации со конкртени барања кои се спротивни на државниот устав: отцепување на Војводина и
Go toTop