Најмалку 80 патници загинаа при потонувањето на брод во Демократска Република Конго

June 13, 2024
1 min read

ТУНИС (АА) – Најмалку 80 од 271 патник загинаа вчера при потонување на брод во провинцијата Маи-Ндомбе во Демократска Република Конго, јавува Анадолу.

Претседателот Феликс Тшисекеди објави дека брод на реката Ква во Мај-Ндомбе удрил во брегот и потонал поради дефект на моторот.

Тој истакна дека бродот се движел од градот Мушие кон градот Лебида.

Локалните власти соопштија дека продолжува потрагата и спасувањето на 86 исчезнати лица, а досега се спасени околу стотина лица.

Властите наведоа дека ваквите поморски несреќи, кои се случуваат особено во периоди на обилни сезонски дождови, обично се предизвикани од „неодржување на бродовите и нивно преоптоварување“.

Бидејќи во оваа африканска земја нема доволно асфалтни патишта, за превоз главно се користат реките и езерата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Амбасадорот на САД во Белград: Признавањето на Косово нема да биде услов за влез на Србија во ЕУ, туку нормализација

Следно

Турските беспилотни летала активни во гаснењето на над 2.000 шумски пожари минатата година

Latest from Blog

Министерството за енергетика: Воведуваме ред таму каде што СДСМ остави хаос

СДСМ грубо манипулира за да го сокрие фактот дека нивните долгови го кочат развојот – конечно воведуваме ред таму каде што владееше хаос  Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини најостро и

Андоновски оствари средби со технолошки лидери на почетокот на посетата на САД

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посетата на Соединетите Американски Држави ја започна со работна средба со MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работат директно за Владата

Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во гостување на емисијата „360

Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности

Владата не е против зголемување на минималната плата, туку напротив – нејзината стратешка цел е континуиран раст на сите плати и подобрување на животниот стандард, но исклучиво преку системски, договорени и економски
Go toTop