Најмалку 46 лица загинаа во пожарите во Чиле

February 4, 2024
1 min read

ВИНА ДЕЛ МАР (АА) – Најмалку 46 лица загинаа во пожарите во централно и јужно Чиле, а се очекува бројот на жртвите да се зголеми, соопштија локалните власти, јавува Анадолу.

Голем број пожари избувнаа во крајбрежните градови на јужноамериканската држава, Валпараисо и Вина дел Мар.

Според податоците на локалните власти, пожарот уништил повеќе од 1.000 куќи.

Чилеанскиот претседател Габријел Бориќ прогласи вонредна состојба.

„Ги насочивме сите наши екипи во централниот и јужниот дел на земјата за да интервенираат во пожарите“, наведе тој на социјалната мрежа Х.

Пожарот брзо се проширил кон градовите Конкон, Кинтеро и Мајтенчило.

Во шумските пожари што избувнаа во февруари минатата година во Чиле загинаа 13 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Казнети 244 возачи во Скопје, 137 се за брзо возење

Следно

Расте бројот на жртви од украинското бомбардирање врз пекара во Лисичанск

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop