Најмалку 21 лице загинаа во автобуска несреќа во близина на Венеција

October 4, 2023
1 min read

РИМ (АА) – Најмалку 21 лице загинаа, а 12 се повредени откако синоќа автобус падна од надвозник во близина на Венеција, соопшти локалната полиција, јавува Анадолу.

„Автобусот беше полн со луѓе кои се враќале од работа од историскиот центар на Венеција до блискиот кварт Местре“, изјави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, за националната телевизија РАИ.

„Излета од патот и падна близу пругата во Местре“, изјави Бруњаро.

„Глетката е апокалиптична. Јас сум без зборови“, напиша градоначалникот на платформата Х.

Властите известија дека уште четири до пет лица се водат како исчезнати.

„Моите мисли се кон жртвите и нивните семејства и пријатели“, изјави премиерката Џорџа Мелони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Големи температурни разлики: Наутро 3-14 степени, попладне до 30 степени

Следно

Тен Хаг за поразот од Галатасарај: Имавме целосна контрола на натпреварот, а потоа си пукавме во нога

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop