Најмалку 192 убиени во бранот насилства меѓу наркобандите во Северозападно Мексико

October 10, 2024
1 min read

МЕКСИКО СИТИ (АА) – Најмалку 192 лица се убиени во бранот насилства што започна минатиот месец меѓу завојуваните наркобанди во северозападната мексиканска држава Синалоа, соопшти Државниот совет за јавна безбедност, локално граѓанско набљудувачко тело, јавува Анадолу.

Советот, кој се состои од членови на синалоанското општество, како што се универзитетска фела, бизнис-претставниците и непрофитните организации, соопшти дека до денес се пријавени речиси 200 убиства и 226 исчезнувања од почетокот на насилствата на 9 септември.

Околу 200 семејства избегаа од насилствата, при што се затворени 180 бизниси, а 2.000 работни места се изгубени поради вооружениот конфликт меѓу водечките фракции на картелот Синалоа.

По апсењето на злогласниот крал на дрогата и коосновач на картелот Синалоа, Исмаел „Ел Мајо“ Замбада на 25 јули, се случи насилна промена во динамиката на моќта на картелот основан од Замбада и Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, кој отслужува доживотна казна во американски затвор.

Откако 70-годишниот Замбада беше приведен од американските власти во Ел Пасо, Тексас, синовите и наследниците на Ел Чапо, втора сила по големина во картелот, наречена Чапитос, започнаа насилно зграпчување на власта и брутална војна во нивниот роден град Синалоа.

Приврзаниците на Чапитос и Замбада ги мобилизираа своите трупи, а гувернерот на Синалоа, Рубен Роча Моја, минатата недела објави дека 590 војници на Националната гарда влегле да ја заштитат сојузната држава.

„Се надеваме дека ќе ни помогнат… Националната гарда, воздухопловните сили, морнарицата и државната полиција, исто така, се исклучително координирани во својата работа, што ни помогна да го намалиме (насилството). За жал, сепак, не може да кажеме дека е целосно решено“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лукаревска: Бараме затворена седница, ВМРО-ДПМНЕ мора да понуди решение за ЕУ интеграцијата

Следно

Македонија денес против Летонија за продолжување на битката за првото место во групата на ЛН

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop