Најмалку 16 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади низ Газа

March 24, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 16 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади низ Појасот Газа од раните утрински часови денес, јавува Анадолу.

Медицински извор во јужниот дел на Појасот Газа за Анадолу изјави дека 10-мина Палестинци биле убиени во два израелски воздушни напада во Хан Јунис.

Еден воздушен напад бил извршен врз семејна куќа во Хан Јунис, што резултираше со смрт на четири лица, додека другиот воздушен напад погоди шатор за раселени лица, убивајќи шест, а повредувајќи неколку други.

Според очевидци, израелската Армија, исто така, погодила најмалку пет празни возила во областите низ Хан Јунис.

Уште две Палестинки се убиени во израелски воздушен напад врз стан во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, според медицински извор.

Во градот Газа, во два израелски воздушни напада врз источниот кварт Шеџаија се убиени четворица Палестинци.

Израелската Армија уби повеќе од 700 Палестинци и повреди над 1.000, откако започна ненадејна воздушна кампања врз Газа минатиот вторник, со што беше прекршен договорот за прекин на огнот и размена на заробеници што беше на сила од јануари.

Над 50.000 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а над 113.200 се повредени во бруталната израелска воена офанзива врз Газа од октомври 2023 година.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Во див магацин за храна пронајдени повеќе од 40 илјади килограми небезбедни сувомесни производи!

Следно

Шкупи го повлече бројот 77 во чест на починатиот Андреј Лазаров

Latest from Blog

3-те најпосетувани градови во светот: Првиот никој не го очекуваше – мора да ги посетите

Иако многумина би помислиле дека Париз е најпосетуваниот град на планетата, или можеби Њујорк, тоа се Истанбул, Лондон и Дубаи. Дубаи, Обединети Арапски Емирати Овој футуристички град го освои третото место со

Колумна на Мартин Ристевски: ПОСТИЗБОРНО

Изборниот процес донесе многу интересни текови за нашата држава. Историски пресврти во многу општини, крај на една политичка партија и структура која се уште е заробена во 2001 година, како и многу нови предизвици

Паоло Ваноли е нов тренер на Фиорентина

По отказот на Стефано Пиони, Фирентина, која што во моментов е во многу лоша играчка и резултатска ситуација, за нов тренер се одлучи да го ангажира, Паоло Ваноли, некогашниот играч на „Виолетовите“.

Границите во Словенија ќе ги чува војската

Припадниците на словенечката армија од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, кој го дозволува
Go toTop