Најмалку 13 Палестинци се убиени во најновите израелски напади врз Газа

July 16, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 13 Палестинци се убиени, а повеќемина повредени, вклучувајќи и деца, во израелските напади врз Појасот Газа денес, јавува Анадолу.

Според болнички извори и очевидци, израелската армија утрово извршила напади врз палестинските домови и шатори во кои се сместени раселени лица во различни делови од Газа.

Шатор во областа Маваси во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, е погоден во воздушен напад. Осум Палестинци, меѓу кои и три деца, се убиени во нападот, а многу други повредени.

Тројца Палестинци се убиени и во бомбардирањето на стан и кафетерија во бегалскиот камп Нусејрат во централна Газа.

Две лица се убиени, а неколкумина се повредени во израелски воздушен напад врз куќа во населбата Сабра, во јужниот дел на градот Газа.

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската Армија уби повеќе од 58.500 Палестинци во смртоносната офанзива во Појасот Газа од октомври 2023 година.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јавен оглас за прием на 150 нови поициски службеници

Следно

Се уште гори на две локации – во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола

Latest from Blog

Николоски: Прво туристичко вештачко езеро за Штип и источниот регион

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop