Најмалку 11 Палестинци се убиени во израелски напади врз Газа

July 27, 2025
1 min read

ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 11 Палестинци се убиени, а голем број се повредени во израелските напади врз Појасот Газа, информираат извори, пренесува Анадолу.

Израелската војска изведе напад врз шатор во областа ал-Маваси, западно од Хан Јунис, во кој биле сместени раселени семејства. Во нападот се убиени најмалку шест лица, вклучувајќи две деца, соопштија извори.

Областа е претходно означена како „безбедна зона“ од страна на Израел.

Во друг напад врз куќа во центарот на градот Газа, убиени се петмина Палестинци, а неколкумина се ранети.

Израелската армија продолжи да урива куќи и згради со експлозив во делови од Хан Јунис.

Од 7 октомври 2023 година, Израел спроведува геноцидна војна врз Газа убивајќи речиси 60.000 Палестинци и преизвика масовно раселување и уништување на палестинската енклава, што предизвика меѓународна осуда и повици за прекин на огнот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарски Несебар ќе го одржува чист стариот град со електрична машина од ГМ на Брако

Следно

Мајсторија на Бруно Фернандеш од место, Манчестер јунајтед пресилен за Вест Хем (ВИДЕО)

Latest from Blog

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop