Надал би можел да стане амбасадор на Ролан Гарос

June 12, 2025
1 min read

Поранешниот светски рекет број еден, Шпанец Рафаел Надал би можел да стане амбасадор на „Ролан Гарос“, изјави директорката на турнирот Амели Морезмо.

– Турнирот и Рафа имаат заедничка желба да соработуваат во некоја форма. Се фокусиравме на она што се случи оваа година, со информативната кампања и оддавањето почит. Но, ќе продолжиме со нашите дискусии за историјата на турнирот, поврзана со Рафа во последните 20 години, да може да продолжи на некој начин, изјави Морезмо за „Дејли Мејл“.

Надал се пензионираше во 2024 година на 38-годишна возраст. Тој го држи рекордот за најмногу титули – 14 на Отвореното првенство на Франција.

Вкупно надал има освоено 22 Грен слема.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелски министер поднесе оставка поради неуспехот на Владата да обезбеди ослободување на Харедите од воена служба

Следно

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop