Над 700 Палестинци убиени од израелски оган во Газа чекајќи да добијат вода

July 14, 2025
1 min read

ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) – Повеќе од 700 Палестинци, претежно деца, се убиени од оган од израелската армија додека чекале да добијат вода од октомври 2023 година досега, соопштија локалните власти денес, јавува Анадолу.

„Израелската окупација продолжува да води систематска и намерна војна со жед против палестинскиот народ во Газа, што е очигледно кршење на сите меѓународни и хуманитарни конвенции“, се вели во соопштението на владината Канцеларија за медиуми на Газа.

Канцеларијата ги обвини израелските сили дека ja користат водата како оружје во војната „за да ги лишат Палестинците од нивните најосновни права“.

Се истакнува дека израелските армиски сили извршиле 112 масакри врз жителите на Газа што чекале да добијат вода, при што се убиени повеќе од 700 луѓе, претежно деца, од октомври 2023 година досега.

Во текот на вчерашниот ден убиени се најмалку 12 лица, меѓу кои осум деца, од израелски оган додека чекале да наполнат вода во бегалскиот камп Нусејрат во централна Газа.

Канцеларијата за медиуми соопшти дека над 720 бунари за вода биле намерно уништени од израелската армија во Газа.

„Нападите врз бунарите за вода лишија повеќе од 1,25 милиони Палестинци до пристап до чиста вода“, се додава во него.

Според соопштението, израелската армија го попречувала влезот на 12 милиони литри гориво месечно, количина потребна за работа на минималниот број бунари, канализациски станици, механизми за собирање отпад и други витални сектори во Газа.

„Ова предизвика целосна парализа на водоводните и канализациските мрежи и ширење на епидемии, главно меѓу децата“, се додава во соопштението.

Канцеларијата за медиуми апелираше до меѓународната заедница и организациите за човекови права да преземат итни мерки за да ја спречат систематската и намерна употреба на водата како воено оружје од страна на Израел и да ja дозволат потребната количина гориво и тешка опрема за повторно работење на бунарите и дренажните станици.

Израел ги држи премините во Газа затворени за храна, медицинска и хуманитарна помош од 2 март, продлабочувајќи ја веќе тешката хуманитарна криза во енклавата, која погоди 2,4 милиони жители на Газа. Блокадата го турна регионот во глад, со многу пријавени смртни случаи поради неисхранетост.

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија уби повеќе од 58.000 Палестинци во смртоносната офанзива во Појасот Газа од октомври 2023 година.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица

Следно

Петровски по ЕП во Литванија: Девојките дадоа сè од себе во дресот на Македонија

Latest from Blog

Николоски: Прво туристичко вештачко езеро за Штип и источниот регион

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop