Над 2.000 затвореници разменети меѓу Русија и Украина од почетокот на војната

February 23, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Над 2.000 затвореници се разменети меѓу Русија и Украина од почетокот на војната на 24 февруари минатата година, покажуваат бројките собрани од Анадолу.

Првата размена на затвореници во војната беше објавена на 17 март од Дарија Заривна, прес-секретарката на шефот на Украинската претседателска канцеларија.

Украинскиот градоначалник на Мелитопол, Иван Федоров, беше разменет за девет руски војници заробени за време на војната.

Оттогаш до денес, според информациите објавени од руското Министерство за одбрана, најмалку 800 руски војници се ослободени од Украина во размената на затвореници.

Во меѓувреме, во соопштението на Телеграм на 4 февруари, украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека размената на затвореници трае со месеци и дека 1.762 Украинци се вратиле во својата земја од почетокот на војната.

Украина, исто така, тврдеше дека 1.596 Украинци биле ослободени од Русија во 2022 година, од кои 1.464 биле војници, а 132 биле цивили.

Размена на затвореници меѓу Русија и Украина имаше и во оваа тековна 2023 година, а последната размена беше ослободувањето на 101 украински војник на 16 февруари.

Иако размената се одвиваше на билатерално ниво, други земји, како што е Туркије, придонесоа за размената на затвореници меѓу Москва и Киев преку посредување во повеќе случаи.

На 22 септември беше извршена размена на 215 украински воени заробеници по разговорите меѓу Зеленски и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

„Разговарав со претседателот Ердоган. Безбедноста на петтемина команданти на „Азов“ ќе биде обезбедена во Туркије под близок надзор на Ердоган. Овие команданти се Сергеј Волински, Свјатослав Паламар, Денис Прокопенко, Олег Хоменко, Денис Шлега. Уште еднаш сум му благодарен на претседателот Ердоган“, рече Зеленски еден ден по размената.

Зеленски уште еднаш изрази благодарност до Ердоган за време на онлајн Светскиот форум на ТРТ 2022 година од 9 до 10 декември и ја истакна помошта на неговиот турски колега за време на размената на затвореници.

Поминаа речиси 12 месеци откако Русија ја прогласи својата „специјална воена операција“ во Украина, која резултира со смрт на најмалку 8.006 цивили и 13.287 повредени, според најновите податоци на ОН.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател Ердоган го прими грузискиот премиер во Анкара

Следно

Стефковски на средба со претставници од Светска банка

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop