Над 140 лица хоспитализирани во Русија поради најголемата епидемија на ботулизам во последните 30 години

June 18, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Руските санитарни власти денес соопштија дека 145 лица со ботулизам се хоспитализирани во три руски градови, опишувајќи ја ситуацијата како „најголема епидемија“ на оваа зараза во последните 30 години, јавува Анадолу.

Федералната служба за надзор на заштитата и благосостојбата на потрошувачите (Роспотребнадзор) соопшти дека во главниот град Москва медицинска помош побарале 121 лице, од кои 55 се во тешка состојба, а 30 на интензивна нега.

Санитарните власти на градовите Казан и Нижни Новгород на реката Волга пријавиле по 12 случаи на ботулизам.

„Заразените лица од сите три градови нарачале специфична храна, лобио и салата со туна, грав и јаболка, од две локални компании, „Local Kitchen“ и „GastroPort“, соопшти Роспотребнадзор, истакнувајќи дека е донесена одлука да се прекине работата на овие компании до завршување на увидот кој е во тек.

Руската истражна комисија објави дека по инцидентот е отворена кривична постапка, дека три лица се приведени во Москва, меѓу кои и генералниот директор на „Local Kitchen“. Оттаму додаваат дека при увидот вработените во споменатите фирми се обиделе да се ослободат од залихите на храна кои наводно го предизвикале труењето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Штркот дојде во таборот на „Орлите“, Петровиќ стана татко

Следно

Електронско пријавување за упис во средно образование од 20 до 25 јуни

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop