Над 100 уапсени на демонстрациите на крајната десница во градовите низ Велика Британија

August 4, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Над 100 лица се уапсени во демонстрациите организирани од групи на крајната десница кои прераснаа во нереди низ неколку градови во Велика Британија, јавува Анадолу.

Немирите ги зафатија и Хал, Ливерпул, Бристол, Манчестер, Стоук-на-Трент, Блекпул и Белфаст, што резултираше со насилство, грабежи и напади врз полицијата.

Во Ливерпул, тензиите ескалираа кога приближно 1.000 демонстранти против имиграцијата, од кои некои извикуваа исламофобични навреди, се судрија со контрадемонстрантите, објавија денес британските медиуми.

Низ целиот хаос, полицијата се бореше да го одржи редот и законот и да ги одвои двете групи.

Министерката за внатрешни работи Ивет Купер го осуди насилството, нагласувајќи дека оние кои се вмешани во „криминалниот неред и насилството“ ќе бидат повикани на одговорност.

„Заедниците мора да се чувствуваат безбедно“, порача Купер, ветувајќи дека сторителите „ќе ја платат цената“ за нивните постапки.

Премиерот Кир Стармер вети „целосна поддршка“ на Владата на полицијата, потврдувајќи го цврстиот став против екстремистите кои се обидуваат да поттикнат омраза.

„Нема да толерираме какви било обиди да се сее омраза и да се поделат нашите заедници“, изјави Стармер.

Немирите уследија по трагичното убиство на три млади девојки во Саутпорт во понеделникот, настан кој дополнително ги затегна односите во заедницата и предизвика дополнителен неред во градовите низ Велика Британија.

Судовите би можеле да работат деноноќно за да го забрзаат процесуирањето, предложи министерката за внатрешни работи Дајана Џонсон, и брзо да се изведат пред лицето на правдата оние што предизвикуваат немири на улиците.

Полицијата, исто така, ја зајакна безбедноста и распореди сили за да се справи со тековните немири, како што посочи Џонсон.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од МЗ за ТВ 24: Во петок ќе се објави тендерот за нова компресорска станица за операционите сали

Следно

Бугарија пред нови парламентарни избори

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop