Над 1,2 милиони тони жито извезени од Украина во последните 2 недели

March 31, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Повеќе од 25 милиони тони жито се пренесени преку Иницијативата за жито преку Црното Море, за која посредуваше Туркије минатата година, во обид да се избегне потенцијална криза со храна во време на руско-украинската војна, јавува Анадолу.

Како резултат на преговорите на Туркије со двете страни, договорот за жито беше продолжен на 19 март за уште 120 дена.

Од 19 март досега од Украина се извезени повеќе од 1,2 милиони тони жито.

Минатиот јули, Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, што беше прекинат по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година.

Првиот брод со жито тргна од украинското пристаниште Одеса на 1 август 2022 година, како дел од договорот со рок на истек од 120 дена.

Досега, најмалку 31 брод натоварен со жито ги напуштија украинските пристаништа во последните две недели откако договорот беше продолжен за уште 120 дена.

Како дел од договорот, бројот на бродови што ги напуштаат украинските пристаништа до вчера достигна 851.

Најмалку 40 отсто од житото пренесено преку коридорот беше транспортирано во Европа, 30 отсто во Азија, 13 отсто во Туркије, 12 отсто во Африка и 5 отсто на Блискиот Исток.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТОРЕПОРТАЖА) Тивко е во Тафталиџе – полициски ленти немо сведочат за убиството во казиното

Следно

Италија ја ограничи употребата на податоците на италијанските корисници од апликацијата ChatGPT

Latest from Blog

Николоски: Брзата пруга на Коридорот 10 ќе добие современ систем за управување со возовите

Вештачката интелигенција веќе не е само теорија или технологија на иднината,  тоа е нешто што се случува околу нас.  Таа е голема можност која треба да се искористи. Како Влада создаваме правна

Општина Битола продава градежно земјиште за изградба на куќи: Пријавувањето трае до 14 декември

Општина Битола објави оглас за отуѓување неизградено градежно земјиште во државна сопственост, кое ќе се продава по пат на јавно електронско наддавање. Станува збор за земјиште предвидено за изградба на објекти со

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка
Go toTop