Началникот на израелскиот Генералштаб: „Подготвуваме планови за акција на северот, на либанската граница“

November 14, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Покажувајќи на либанската граница во северниот дел од земјата, каде што од 8 октомври се водат жестоки судири со Хезболах и другите палестински вооружени групи, началникот на израелскиот Генералштаб, Херзи Халеви, истакна: „Подготвуваме оперативни планови на северот од земјата. Наша цел е да обезбедиме сигурност“, пренесува Анадолу.

Од израелската војска информираат дека Халеви го посетил командниот центар на северот од земјата.

За време на посетата, Халеви ги „одобри плановите за одбрана и офанзива“ и им нареди на сите сили да „бидат во состојба на готовност да преземат акција“.

„Подготвуваме планови за акција на северот. Наша цел е да обезбедиме сигурност. Безбедносната ситуација нема да остане таква граѓаните на северот од земјата да не се чувствуваат безбедно кога ќе се вратат во своите куќи“, рече Халеви.

Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници во Појасот Газа, кој е под немилосрдни израелски напади по неочекуваната офанзива на Хамас на 7 октомври.

По 7 октомври Израел го евакуираше подрачјето околу Појасот Газа и четири километри од станбените населби на либанската граница на северот од земјата, каде што почнаа жестоки судири со Хезболах.

Според бројките што ги објави Израел, околу 200.000 Израелци, од кои, 120.000 од пограничниот регион со Либан, сместени се во туристички објекти, државни пансиони и различни кампуси во земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шампиони

Следно

Османи: Се надевам сите министри ќе бидат присутни на конференцијата во Скопје, со цел да донесеме важни одлуки за опстанокот на ОБСЕ

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop