Началникот на Генералштабот на Армијата, Сашко Лафчиски, учествува на Конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Рига, Летонија

September 27, 2025
1 min read

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествува на редовната годишна конференција на Воениот комитет на НАТО (MCC), што се одржува во Рига, Република Летонија, соопштија од Генрралштабот на АРМ.

На конференцијата присуствуваат началници на генералштабови од земјите членки на НАТО, како и високи претставници на Алијансата, меѓу кои претседавачот на Воениот комитет, адмирал Giuseppe Cavo Dragone, Врховниот командант за операции (SACEUR), генерал Alexus G. Grynkewich, и Врховниот командант за трансформација (SACT), адмирал Pierre Vandier. Генералот Лафчиски ја потврди посветеноста на Република Северна Македонија кон зајакнување на колективната одбрана и стабилноста во регионот, како и континуираната поддршка за Украина. Тој истакна дека земјата ќе продолжи со учество во активности за одбрана на источниот дел на Алијансата и ќе вложува во унапредување на својата оперативна подготвеност преку модернизација на Армијата и обука. Во контекст на актуелните безбедносни предизвици, генерал Лафчиски ја изрази цврстата солидарност со Полска и Естонија во врска со неодамнешните кршења на нивниот воздушен простор од страна на Руската Федерација. Тој оцени дека овие дејствија претставуваат сериозно нарушување на меѓународното право и закана за регионалната безбедност и источното крило на НАТО, и истакна поддршка за сите мерки што НАТО ги презема за да обезбеди колективна безбедност. Работните сесии се фокусираа на имплементацијата на одбранбените планови, поддршката за Украина, како и адаптацијата на Алијансата кон новите безбедносни предизвици и технологија. Конференцијата ќе заврши со заедничка прес-конференција на претседавачот на Воениот комитет, адмирал Giuseppe Cavo Dragone и началникот на Генералштабот на Националните вооружени сили на Република Летонија, генерал мајор Kaspars Pudāns. Воениот комитет се состанува во формат на Началници на генералштабови (MC/CS) двапати годишно (во јануари и мај) во седиштето на НАТО во Брисел. Дополнително, еднаш годишно, една од земјите-членки е домаќин на специјална конференција, на која повторно се собираат сите 32 началници. Во текот на годината можат да се свикуваат и вонредни состаноци, доколку се процени дека е потребно. Воениот комитет се состанува за да дискутира за операции, мисии, вежби, способности на НАТО и други релевантни теми, истакнаа од ГШ.

Неговата главна улога е да обезбеди на Северноатлантскиот совет неограничен, консензус-базиран воен совет за тоа како Алијансата најдобро да се справи со глобалните безбедносни предизвици. Секојдневната работа на комитетот ја спроведуваат Воените претставници на земјите-членки, сместени во седиштето на НАТО во Брисел, додаваат од ГШ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Биљал Касами: Али Ахмети е финансиски партнер на Александар Вучиќ

Следно

Како да слабеете и истовремено да билдате мускули?

Latest from Blog

Парамаунт го тужи Ворнер Брос поради договорот со Нетфликс

Парамаунт бара Ворнер Брос да објави дополнителни информации за акционерите да можат да донесат „информирана одлука“. Според наводите во тужбата, Ворнер Брос не го објаснил соодветно начинот на кој ја проценува вредноста

Трамп: Земјите што соработуваат со Иран ќе платат веднаш царина од 25%

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека секоја земја што „соработува со Исламската Република Иран“ ќе биде веднаш погодена со царина од 25%. „Секоја земја што соработува со Исламската Република Иран ќе

Епл го избра моделот на ВИ на Гугл, Џемини, за новата генерација на асистентот Сири

Компанијата Епл денеска официјално го потврди партнерството со фирмата Гугл, чии модели на вештачка интелигенција Џемини (Gemini) ќе ја придвижуваат новата генерација на асистентот Сири. Веста ја подигна пазарната вредност на Гугл

ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 12 СТЕПЕНИ ПОД НУЛАТА: Временска прогноза за утре и следните денови

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови од земјата ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринските температури ќе се движат од -12 степени, а дневните до
Go toTop