На вториот ден од прекинот на огнот израелската армија ги предупреди либанските цивили да не влегуваат во 10 јужни села

November 28, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија денес ги предупреди либанските цивили да не се приближуваат до 10 села во Јужен Либан, каде постигнатиот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Либан влегува во втор ден, јавува Анадолу.

Во соопштението портпаролот на израелската армија Авичај Адрае ги наведе имињата на селата на арапски јазик, предупредувајќи ги цивилите да не се враќаат во нив „до понатамошно известување“.

Во својата порака на социјалната мрежа X тој приложи мапа на која се прикажани селата што се забранети, меѓу кои се и селата Шеба, Хебарија, Марџаајун, Јохмор, Бараахит и други.

Адрае предупреди дека „секој што ќе ја премине линијата се става во опасност“.

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан стапи на сила вчера изутрина за да стави крај на над 14-месечните борби меѓу израелската армија и Хезболах.

Според условите за прекин на огнот, Израел постепено ќе ги повлече своите сили јужно од Сината линија, а либанската армија ќе ги распореди своите сили во Јужен Либан во период што не надминува 60 дена.

Спроведувањето на договорот ќе го надгледуваат САД и Франција. Сепак, деталите за механизмите за спроведување остануваат нејасни.

Според либанските здравствени власти, во израелските напади врз Либан се убиени повеќе од 3.800 луѓе и над еден милион се раселени од октомври минатата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Следно

Ф1 го продолжи договорот за Големата награда на Италија во Монца до 2031 година

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во гостување на емисијата „360

Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности

Владата не е против зголемување на минималната плата, туку напротив – нејзината стратешка цел е континуиран раст на сите плати и подобрување на животниот стандард, но исклучиво преку системски, договорени и економски

Читателите на Религија.мк го избраа митрополитот Пимен за личност на годината

Главниот и одговрен уредник на Религија.мк, му ја врачи плакетата за избор на личност на годината на митрополитот Европски Пимен. На врачувањето на плакетата, митрополитот Пимен посочи дека наградата за него е

Смирувачките пораки од Вашингтон и Техеран ги намалија цените на нафтата под 66 долари за барел

На лондонскиот пазар попладнево барелот се тргуваше по пониска цена за 3,34 долари отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела, која изнесуваше 65,98 долари. На американскиот пазар, беше поевтин
Go toTop