На владејачкото мнозинство му фалат уште осум пратеници за гласањето за уставните измени, вели Османи

July 29, 2023
1 min read

Прашан како ќе ги обезбедат тие осум пратеници, министерот за надворешни работи Бујар Османи не одговори конкретно, туку рече дека треба да се почека расправата што формално почна во Собранието да почне да го дава својот ефект

Бујар Османи – министер за надворешни работи
фото: фејсбук-профил на Бујар Османи

Мислам дека недостасуваат околу осум пратеници, одговори шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на прашањето колку пратеници му недостасуваат на владејачкото мнозинство за гласање за уставните измени.

На денешниот брифинг со новинарите Османи беше прашан како ќе се обезбедат тие осум пратеници за процедурата за уставни измени да може да тече.

„Мислам дека треба да почекаме оваа расправа, која формално започна во Собранието, за содржината, да почне да го дава својот ефект. Првиот ефект е дека немаме јавен отпор во однос на содржината на уставните измени“,

рече Османи.

Османи големо внимание посвети токму на содржината на уставните измени велејќи дека е добро што досега нема реакции од јавноста токму за содржината.

„Јас не гледам реакција од јавноста, од граѓаните, од експертските групи за содржината на уставните измени. Не гледам таква реакција. Ако имаше проблем со уставните измени, досега ќе вриеше со прес-конференции, со ставови на различни експертски групи, невладини организации, тинк-тенкови дека има нешто проблематично во уставните измени. Тоа е најважно. Ајде да се вратиме на содржината… Мислам дека беше некоректно оваа важна тема да се киднапира заради партиски агенди на политичките партии. Ајде да разговараме што е содржината на уставните измени“,

повика министерот.

Османи рече дека на опозицијата ѝ се обезбедени сите гаранции дека Бугарија нема да има дополнителни барања освен влез на Бугарите во Уставот. Наброја дека германскиот Бундестаг излегол со такви гаранции во однос на идентитетот, како и Република Бугарија, која според Османи излегла со став дека нема да има нови барања. „Ние гарантираме дека нема да има нови барања“, рече Османи. Еве што одговори на прашањето како може земјава да дава такви гаранции, кога тоа не зависи од неа:

„Гаранциите се во Преговарачката рамка што ја имаат изгласано 27 земји членки. Во неа во ниту едно поглавје, во ниту една одредница за отворање на кое било од 35. поглавја, не е Договорот со Бугарија или Протоколот со Бугарија“,

Османи рече и дека ги прифатиле сите барања на опозицијата.

„Бараа ДУИ да излезе од Владата. Чекаме одговор. Ставот на ДУИ е донесен. Одлуката ќе се активира дента, дури може и сега да ја потпишеме со одложено дејство до Собрание или до премиерот, и истото влегува во сила дента кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгласа уставните измени“,

вели Османи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЕАШ ја презеде одговорноста за терористичкиот бомбашки напад во Дамаск

Следно

Туркменистан: Милиони години стари фосилизирани отпечатоци на диносауруси ги привлекуваат туристите

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа
Go toTop