На Таравари му дале поддршка 80 од 133 членови на партиското Собрание на АА

February 4, 2024
1 min read

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, истакна дека ќе ја почитува одлуката што ќе ја донесе Централното Собрание на партијата во однос на неговиот предлог на изборите да се оди со албанската опозиција. Во меѓувреме, на официјалната Фејсбук страница на Таравари попладневно беше објавена информација дека неговата иницијатива веќе добила поддршка од мнозинството членови на партиското Собрание.

„За 24 часа доброволно се собрани 80 потписи на пратеници од вкупно 133 колку што брои Собранието, а процесот на собирање потписи продолжува. Мнозинството во Собранието на Алијанса за Албанците очигледно е за сигурна промена. Претседателот Таравари повикува на мудрост, разум и единство за ДУИ конечно да биде испратена во опозиција. Промената доаѓа“, рече Арбен Таравари, Претседател на Алијанса за Албанците.

Веднаш по оваа објава на Таравари, претседателот на партиското Собрание Зијадин Села, вечерва свика итна прес-конференција. На неа објави дека за иднава сабота закажува седница на Собранието, но за барање одговорост од Таравари обвинувајќи го дека внесува раскол во партијата.

„Во сабота онака како што ми дозволува статутот на партијата се свикува Централното Собрание на АА. Јас како негов претседател со правото што ми го дава статутот да ги свикам Собранието на АА. На него како прво ќе се постави прашањето за одговорноста на претседателот на партијата кој веќе два месеца не ги свикал партиските органи. Не е свикано тесното претседателство, не е свикано Централното претседателство на партијата и по редот на нештата, прво секоја одлука, секоја понуда за сè, па и за преговори со политички партии на поединци без оглед на позициите во партиските органи му ги предлага на органот кој има право да одлучува. А, органот кој има право да носи одлуки е Централното претседателство… Претседател на социјални мрежи на АА не ѝ треба“, нагласи Зијадин Села, Претседател на Собранието на Алијанса за Албанците.

Политичкиот чекор на Таравари за зближување со албанската опозиција ја подели Алијанса за Албанците на два дела. На негова страна се двајцата министри Азир Алиу и Фатмир Меџити, додека на страната на Зијадин Села за самостоен настап на изборите се министерот Кренар Лога и потпретседателите на партијата Елми Азири и Илире Даути. Поделеноста е очигледна и меѓу поддржувачите на Алијанса на социјалните мрежи. Ставот на Таравари пак, беше поздравен од челниците на Европскиот сојуз за промени./Алсат.мк

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кои песни најмногу, а кои најмалку им го одвлекуваат вниманието на возачите?

Следно

Најпопуларната социјалната мрежа Фејсбук наполни 20 години

Latest from Blog

Шест начини да го одложите појавувањето на седи влакна што е можно подолго!

Иако генетиката игра најголемо влијание во појавата на седите влакна, стручните лица нагласуваат дека сепак може донекаде да влијаеме на темпото на белеење на косата. Со правилна нега, подобра исхрана и неколку

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Go toTop