На Шведска и текна: Не оди и масовна имиграција и лоша интеграција

June 12, 2023
1 min read

Премиерот Улф Кристерсон во својот текст во Афтонбладет порачува дека „не е секогаш лесно да се стане дел од шведското општество дури и да се трудиш“.

„Да бидам јасен: масовна имиграција и лоша интеграција едноставно не функционираат едно со друго. Затоа сега ги менуваме шведските политики за миграција во едни од најстрогите во ЕУ.

Кога некој ќе биде одбиен за азил тоа значи дека ќе мора да ја напушти земјата. Ова треба да биде јасно на сите, но не е.

Идентично важно е да се знае и дека добиен азил значи дека ти треба навистина да станеш дел од шведското општество,“ пишува Кристерсон.

Премиерот во текстот повторува дека за имиграцијата да функционира „тие треба да станат дел од Шведска“, наспроти тоа да формираат сопствени гета на маргините на општеството.

Меѓу работите што ќе се очекуваат од новите Швеѓани за да добијат државјанство е да го познаваат шведскиот јазик и основи на општествени науки „за да можат да ја разберат државата чиј граѓанин сакаат да станат,“ бидејќи шведското државјанство е повеќе од пасош „тоа е општествен договор, а тој општествен договор содржи свои обврски и права“.

Без директно да го споменува Исламот, Кристерсон потсетува дека во Шведска мажите и жените се еднакви пред законот и дека „тука работат и мажите и жените, возрасните сами бираат со кого сакаат да се во брак, и момчињата и девојчињата имаат право и да пливаат и да играат фудбал“.

Третата ставка во неговиот манифест го носи поднасловот „Фокусирање на шведскиот јазик“ кој тој го објаснува како пат за влез во општеството и нашата култура.

Кристерсон објаснува дека негова намера е Шведската да стане уште поприемчива кон странците, но за да се случи тоа „државјанството мора да се цени, шведскиот јазик да се засили, а нашите фундаментални вредности да се почитуваат.“

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Изложбата „Кревки спомени“ на Марија Јаќовска во Паркот на Франкофонијата во Скопје

Следно

Туркије неутрализираше 5 терористи на ПКК/ЈПГ по граничниот напад од северна Сирија

Latest from Blog

Коњановски се заблагодари на Амбасадата на САД за финансиската поддршка

Советот на Општина Битола на денешната прва работна седница ја прифати донацијата од Амбасадата на САД во висина од 1 милион долари за дооформување на новиот објект на противпожарната станица. Градоначалникот Тони

Меџити: Урбаната трансформација во Чаир не запира

Во општина Чаир денеска завршува реконструкцијата на улицата бр. 9 на булевар „Мидхат Фрашери“, со поставување на завршниот слој асфалт. Ова е само еден од шесте инфраструктурни проекти кои паралелно се реализираат

Откритие во Перу: Цртежи на храм-пирамида ја раскажуваат приказната за егзодусот на најстарата американска цивилизација

 Имено, како што објави „Гардијан“ (Guardian), тимот предводен од познатата перуанска истражувачка Рут Шејди тврдат дека пред околу 4.200 години, остра суша го принудила населението да ја напушти древната град-држава Карал. Цивилизацијата

Бејби Фуд Фактори ја започнува платформата „Здрава исхрана од мали нозе“

Сеопфатна иницијатива за општествена одговорност посветена на превенција на детската дебелина Скопје, 6 ноември 2025 – Бејби Фуд Фактори, членка на групацијата Нелт и производител на брендот Нутрино, како водечка компанија во
Go toTop