На Попова Шапка многу снег, но и густа магла – дневниот ски-билет за возрасни ќе се продава поевтино

January 27, 2023
1 min read

Снежна покривка има и во Маврови Анови, 20 сантиметри, Лазарополе 10, Крушево и Берово седум, Крива Паланка и Ѓуриште четири, Пожаране два и Дебар и Тополчани еден сантиметар, додаваат од УХМР

Најстудено изутрина е на Попова Шапка каде во седум часот се измерени минус шест степени и има снежна покривка од 83 сантиметри.  Во Маврови Анови  се регистрирани минус четири степени,  Лазарополе и Крушево минус три,  Берово минус два, Крива Паланка минус еден, нула степени во Тетово, Прилеп, Штип, Струмица, Виница, Дебар, Претор, еден степен над нулата во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Битола, два во Охрид, три во Демир Капија, а четири во Гевгелија и Дојран, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Снежна покривка има и во Маврови Анови, 20 сантиметри, Лазарополе 10, Крушево и Берово седум, Крива Паланка и Ѓуриште четири, Пожаране два и Дебар и Тополчани еден сантиметар, додаваат од УХМР.

Од ски-центарот Попова Шапка информираат дека поради густата магла ќе работат ски-лифтовите „Аеродром”, „Поток 1 и 2″ и „ГЕ” и двоседата жичница „Св. Илија”. Од тие причини дневниот ски-билет за возрасни ќе се продава по цена од 1 000 денари, место по редовната цена од 1 300 денари.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, а во некои од пониските места ќе врне дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 5 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Училиштата и градинките во Гази Баба подготвени за справување со можни врнежи од снег

Следно

(ВИДЕО) Камери во автобусот го снимиле моментот кога тој паднал во езеро во Турција

Latest from Blog

Ираола: Црвениот картон на Гравенберх го промени текот на дербито

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, смета дека исклучувањето на Рајан Гравенберх било клучниот момент во поразот од Манчестер сити со 0-3 на „Енфилд“. Гостите постигнаа три гола за 13 минути, откако домашниот

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop