На паркингот на Клинички вози кој како сака: „Имам итен случај“ – се правдаат возачите

February 18, 2025
1 min read

-Дали знаете дека е забрането да влегувате од овде?

„Да, барем рече дека знае! Еве уште еден“.

„Се наоѓаме на влезот на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје и како што гледате, причината зошто дојдовме е поради оваа кривина, простор што е наменет само за итни случаи, во 99% од случаите за возилата на Брза Помош“, вели репортерот на ТВ21.

Речиси секое возило врти на местото каде што е забрането, наместо да продолжи уште неколку метри понатаму кај кружниот тек. Кога прашавме неколку возачи дали знаат дека е забрането да свртат тука, повеќето рекоа дека знаат, но дека имале итни случаи.

Може ли едно прашање, знаете ли дека е забрането вртењето од тука?

„Да“.

-Зошто влеговте?

„Имам итен случај, затоа“.

-Овде може да влезе само Брза Помош.

„За итен случај сум“.

Од што се лекувате?

„Братот ми е тука“.

Зошто влеговте од тука?

„Итен случај имам, синот ми е тука“.

Во меѓувреме една граѓанка рече дека треба да има казни од полицијата, бидејќи и пешак не може да помине тука.

Инаку од МВР соопштуваат дека вчера на територија на цела држава во рамки на активностите на полициските службеници, 796 учесници во сообраќајот биле казнети заради непочитување на сообраќајните знаци, а издадени се 500 платни налози. Како што соопштија од таму, 338 од овие прекршоци вчера се однесувале на неправилно паркирање а 145 за непочитување на пропишаната брзина.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како авионот во Торонто заврши „на грб“

Следно

Петрова: УЈП наместо моќник над даночните обврзници, рамноправен учесник во даночниот систем

Latest from Blog

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете
Go toTop