На отворањето на олимписките игри во Париз ќе присуствуваат околу 300.000 гледачи

January 31, 2024
1 min read

Бројот на гледачи кои ќе можат да присуствуваат на церемонијата на свеченото отворање на летните Олимписки игри на бреговите на Сена ќе биде „околу 300.000“, објавија денеска француските власти.

До отворањето на Игрите на 26 јули преостануваат 177 денови, а организаторите се подготвуваат за спектакуларна церемонија.

Предводено е спортистите од сите земји учеснички на претстојната олимпијада да продефилираат на свеченото отворање на 160 бродови кои ќе пловат по рутата долга шест километри.

Церемнијата на свеченото отворање е планирано да трае три часа.

До овој момент помалку од десет луѓе се запознати со секој чекор на церемонијата.

Олимписките игри 2024 ќе ги обезбедуваат повеќе од 35.000 полициски службеници на кои француската Влада вчера најави дека за ангажманот ќе ги награди со бонус до максимален износ од 1.900 евра.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема нови осомничени во случајот со убиствата на Вања и Панче

Следно

Арбер Адеми од ДУИ го држи блокиран Законот за медиуми, реагира ММА

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop