На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

August 17, 2025
3 mins read

Два потписи од двајца избирачи ќе бидат потребни за да можат независните кандидати за советници и градоначалници да учествуваат на претстојните локални избори кои треба да се одржат во октомври. Ова го предвидува новиот Правилник за регулирање на постапка за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи и за начинот на определување на нотарите за локалните избори 2025 година, кој Државната изборна комисија го донесе вечерва на седница.

Правилникот го предложи членот на ДИК, Александар Даштевски повикувајќи членот 63 од Изборниот законик кој како што рече не е укинат, а ја регулира постапката за собирање потписи за предлагање кандидати, иако членот 62 кој се однесува на локалните избори Уставниот суд го укина.

-Ќе прочитам неколку измени кои ги предлагам во Правилникот кои се од суштиснко значење. Врз основа на член 63 став 3 собирањето потписи во постапката на кандидирање согласно одредбите на Избирниот законик почнуваат 10 дена од денот на распишувањето на изборите и трае 15 дена. Кога подносител на листа на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник е група избирачи потребно е предлогот на кандидатската листа да го потврдат пред подрачните одделенија или регионални канцеларии на ДИК со важечки документи за личен идентификација, со адреса на живеење на соодветна општина за која се поднесува соодветна кандидатска листа и притоа за поддршка на истата на приопишан образец да бидат потпишани најмалку два избирачи, рече Дашевски образложувајќи одредби од новит Правилник, откако стариот беше ставен вон сила бидејќи Уставниот суд укина два члена од Изборниот законик.

Даштевски нагласи дека потписите за поддршка на предлогот на кандидатските листи за кандидат на членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник се врши во временски период утврден согласно членот 63 став 3 од Изборниот законик во период на редовно работно време на подрачните одделенија и канцеларии од 8:30 и 16:30.

-Овие се специфичните работи кои ќе важат само за овие избори па затоа и предлагам на ДИК овој Предлог правилник да го усвои, рече Даштевски.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко истакна дека има спротивно мислење од Даштевски од процедурално правен карактер, но оти сепак тој и нековиот колега Оливер Ристовски ќе гласаат за правилникот.

Со предложениот Правилник за собирање потписи кој предвидува да се евидентираат најмалку два потиси во подрачните одделенија за кандидирање на група избирачи. Членот 60 од Изборниот законик дирекно го утврдува, предвидува и дава правото на учество на група избирачи да поднесат листа и да учествуваат на изборите, но, без собирање потписи. Ова од причина што Уставен суд ги укина одредбите за бројот на собрани потпис предвидени во членот 62. Во таа насока не го прифаќам образложението на овој правилник, кој се повикува на член 63 кој ја предвидува постапката за собирање потписи, не може да се спроведува постапка без да постои цензус за предвиден број потписи кои треба да се соберат. Во случајот членот 63 членот е неприменлив бидејќи е поврзан со член 62 од Законот, а кој е укинат од Уставниот суд. Но како што кажав иако од формално правен правно процедурален каракте и наведените причини не се согласувам, имам поинакво мислење, сепак и јас и колагата Оливер Ристовски ќе гласаме за и ќе го поддржиме овој правилник бидејќи сметам дека тоа е во интерес на изборниот процес и непречено спроведување на сите дејствија од изборниот процес, истакна Кондарко.

Изборите се распишани, изборните дејства се во тек, додаде и ДИК нема право и можност да ги одложи или сопре изборните дејства. Во оваа состојба додаде претседателот на Комисијата, ДИК се нашла не по своја вина.

-Во два наврати Собранието не успеа да го регулира ова прашање за бројот на потребни потписи за предлагање кандидатска листа на група избирачи, и поради тоа ДИК не по своја вина е доведена во ситуација да ги применува одредбите од Изборниот законик онакви какви се, а во интерес на успешно организирање на изборниот процес. Суштински без собирање требаше да биде односно со 0 потписи, но со Правилникот се предлага најмалку два потписа од најмалку два избирачи, а тоа во суштина не менува ништо, рече Кондарко.

На ова реплицираше Даштевски кој како што рече смета оти со предложениот Правилник не се излегува надвор од законските рамки.

-На почетокот на образложувањето на Правилникот кажав дека членот 62 е укинат и оти на сила е членот 63 особено ставовите 1, 2, 3. Така што, во таа смисла сметам дека постапката за собрање потписи ќе треба да постои на некаков можеби симболичен начин бидејќи тоа е предвидена постапка, рече Даштевски.

ДИК на седница минатата сабота на 9 август усвои заклучок вон сила да се стави Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик. Како што рече претседателот на ДИК Борис Кондарко, тоа упатство за регулирање на постапката за собирање потписи се става вон сила поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент на потписи за предлагање листи на група избирачи.

Вчера Собранието имаше обид да донесе измини на Изборниот законик кои го регилираат бројот на потребни потписи за независните кандидати за локалните изабори, но иако го доби потребното мнозинство немаше доволен број гласови по бадентер и тие не беа донесени. Предложените измени предвидуваа независните кандидати да треба да соберат 0,5 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ).

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Фото: Хали Бери брутално му одговори на бившиот кој ја критикуваше дека не знае да готви и чисти

Следно

Кремаст колач со бисквити: Дури и почетниците ќе успеат, а ги поместува границите на добриот вкус

Latest from Blog

Атина наградена за најдобра европска културна дестинација и најдобра градска туристичка канцеларија во Европа

За најдобра европска културна дестинација и најдобра градска туристичка канцеларија во Европа беше наградена Атина на Светските туристички награди (World travel awards 2025), а атинскиот градоначалник Харис Дукас посочи дека тоа е

Српската пејачка Цеца исвиркана од публиката во Велес откако на концерт го подигна бугарското знаме

 Потегот кој многумина го оценија како скандалозен наиде на бура од реакции од присутните кои со свирежи и довикувања ја испратија од бината во спортскиот центар „Гемиџии“ Откако нејзините колеги на сцената

Голем комеморативен собир во Нови Сад по повод годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица

 Една година по несреќата кога се урна бетонската надстрешница од Железничката станица, Србија се поклонува пред жртвите од трагедијата, меѓу кои беше и 45-годишниот македонски научник Васко Саздовски кој тргнал за дома

Челзи има нов спортски директор

Дејв Фалоус е нов спортски директор на тимот на Челзи. Овој клуб има уникатен начин на функционирање во кој овој оддел од клубот, го водат не еден, не двајца, туку петмина директори.
Go toTop