„На НАТО му треба повеќе оружје“, изјави Марк Руте, генералниот секретар на НАТО

February 2, 2025
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека е потребно повеќе оружје на целата територија на НАТО, од САД до Туркије, известува Анадолу.

Генералниот секретар на НАТО Руте ја оцени руско-украинската војна и трошоците за одбраната на членките на НАТО во неговата изјава за весникот ‘Билд ам Зонтаг’.

Руте рече дека се потребни повеќе пари и поголемо индустриско производство за да се одврати рускиот претседател Владимир Путин од напад врз териториите на НАТО, потенцирајќи:

„Потребни се дополнителни производствени линии, дополнителни работни смени, повеќе муниција, повеќе Леопард 2 тенкови, повеќе борбени авиони Ф-35 и повеќе оружје, на сите територии на НАТО, од Америка до Туркије. Тогаш никогаш нема да се осмели да нѐ нападне“.

Запрашан дали Русија е во позиција да го нападне НАТО, Руте одговори:

„Путин не треба да размислува за тоа во ниту еден момент. Тоа би предизвикало катастрофални последици за него. Во моментов државата троши 40 % од својот буџет за одбрана, што е еквивалентно на 10 % од националниот приход на Русија. Ние не треба да трошиме толку, но потребни се многу повеќе од 2 %.“

Во врска со барањето на американскиот претседател Доналд Трамп европските членки на НАТО да издвојуваат 5 % од својот бруто-домашен производ за вооружување, Руте го даде следниот коментар:

„Трамп генерално е во право што го упати тој повик за време на неговиот последен мандат Ние инвестиравме повеќе поради оваа иницијатива. Канада и европските партнери потрошика повеќе од 600 милијарди долари за одбрана од 2014 година досега. Повеќе од две третини од партнерите во НАТО сега трошат повеќе од 2 % и тоа повторно благодарение на Трамп, но треба да инвестираме уште повеќе, а нашите сојузници ќе одлучат како ќе го измериме тоа во наредните месеци. Но можам да ве уверам во едно, ќе биде многу, многу, многу повеќе од 2 %.“

– „Да се биде подготвен е најдобриот начин да се избегне војната“

Руте рече дека Германија може да направи многу повеќе во производството на оружје и муниција, особено со оглед на големината на германската економија и истакна дека Германија треба да ги зголеми трошоците за одбрана.

Потенцирајќи дека за зголемувањето на трошоците за одбрана ќе се разговара во многу европски земји во следните месеци, Руте додаде:

„Ќе зборувам многу отворено. Мора да бидеме подготвени за војна. Тоа е најдобриот начин да се избегне војна“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата

Следно

ШОК за сите во НБА лигата по трејдот на Дончиќ, Леброн лут и нервозен

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop