„На Израел да му се забрани учество на Евровизија 2025 година“, побара Словенија

December 22, 2024
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Словенија официјално побара исклучување на Израел од Изборот за песна на Евровизија 2025 година, објавија израелските медиуми во саботата, известува Анадолу.

РТВ Словенија испрати писмо до Европската радиодифузна унија (ЕБУ) во кое бара на Израел да му се забрани учество на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Базел.

Барањето е поднесено поради израелските напади врз Појасот Газа кои траат од 7 октомври минатата година, а во кои се убиени повеќе од 45.200 Палестинци, главно жени и деца.

РТВ Словенија, во случај нивното барање да не биде прифатено, донесе одлука да се повлече од Евровизија или, што е спротивно на правилата на тоа натпреварување, да го исклучи преносот за време на настапот на израелскиот претставник.

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, на 19 декември изјави дека грубо се прекршува Повелбата на Обединетите нации со војната на Израел во Газа и на Русија во Украина.

„Нема разлика меѓу Израел и Русија. И двете грубо ја кршат Повелбата на Обединетите нации и хуманитарното право. Израел уште повеќе и тоа во поголем обем“, додаде Пирц Мусар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВРЕДИ: Здравството со ДУИ беше тортура за граѓаните

Следно

Омерагиќ: Милевски останува селектор

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка
Go toTop