На Хантер Бајден нема кој да му ги плати адвокатите

May 21, 2024
1 min read

Холивудскиот адвокат, Кевин Морис, кој широкоградо ги покриваше трошоците на Хантер, приватно се пожалил дека почнале да му снемуваат ресурси за помагање на правната одбрана на синот на американскиот претседател.

„Причината зошто Кевин финансиски се вклучи во ова на прво место е затоа виде дека никој нема да му помогне на Хантер.

Сега, четири и пол години подоцна, и понатаму нема никој друг, меѓутоа Кевин е целосно потрошен. Па токму кога Хантер се соочува со две кривични судења за неколку недели, тој нема никакви ресурси,“ изјавил анонимен извор за Политико.

Самиот Морис ја потврдил изјавата од сведокот, но одбил дополнително да коментира, исто како и правниот тим на Бајден.

На 3 јуни во Делавер треба да почне судењето на Хантер за носење оружје, а на 20 има посебно судење во Калифорнија за избегнување данок.

Луѓето на Морис објаснуваат дека холивудскиот адвокат се соочува со финансиски ограничувања и дека веќе има загриженост како Бајден ќе плати за експертите сведоци кои треба да сведочат за него во Делавер.

Експертите кои сведочат на судењата можат да ги оспорат тврдењата и доказите на државата, а за тоа наплаќаат од 500 долари на час па нагоре. Дневницата на главниот адвокат на Бајден, Еби Ловел, не е официјално соопштена, меѓутоа кај претходни случаи таа наплаќала 855 и 1.500 долари од час.

До сега не е познато колку пари Морис му има позајмено на Бајден, но во сведочењето пред Конгресот во јануари годинава, адвокатот на Морис изјави дека сумата е над 6,5 милиони долари.

Морис и Хантер се запознаваат во 2019 за време на кампањата на Џо. Двајцата се спријателуваат, а Морис подоцна го плаќа и данокот што Хантер го должи кон САД.

Во јануари Си-ен-ен објави дека Хантер низ годиниве има потрошено над 10 милиони долари на адвокати.

По отрезнувањето и чистењето од дрога Хантер Бајден стана уметник. Њујоршката галерија која има ексклузива за уметничките дела на Хантер објави дека тој до сега има продадено 20 слики. Од овие 20, 11 ги има купено Морис.

Во Делавер Хантер ќе одговара на обвинението дека додека бил наркоман нелегално купил оружје и лажел за истото на официјални владини документи.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска и утре нестабилно со пороен дожд

Следно

РОМАНОТ НА ГОДИНАТА Е КАКО МИК ЏЕГЕР, ПРЕСТАРЕНА РОК ЅВЕЗДА СО РЕНОМЕ, РЕЧЕ ЅВЕЗДАН ГЕОРГИЕВСКИ НА 25. ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАTA, ЧИЈА ГОДИНЕШНА ЛАУРЕАТКА Е ЛИДИЈА ДИМКОВСКА

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни
Go toTop