На Форумот во Атина, Божиновска разговараше за регионална енергетска интеграција

November 8, 2025
1 min read

Можностите за нови интерконекциски врски и иницијативата на Бугарија за проширување на гасната инфраструктура во близина на македонската граница, биле дел од темите на билатералните средби на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на маргините на министерскиот состанок што се одржа во рамки на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Атина.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска соопшти  дека Божиновска имала интензивна дипломатска активност и оти имала билатерални средби со американскиот секретар за енергетика, Крис Рајт, грчкиот министер за енергетика, Ставрос Папастравру,  извршниот директор на грчкиот независен оператор за пренос на електрична енергија (IPTO – ADMIE), Манусакис,  како и со бугарскиот колега Жичо Станков.

Божиновска и Станков ја истакнале важноста на проектот East – West Transmission Corridor (EWTC) како клучна иницијатива за зајакнување на регионалната поврзаност, интеграција на пазарите и зголемување на капацитетите за обновлива енергија, во согласност со целите на Европскиот зелен договор.

 

– Во разговорите беше подвлечена и иницијативата на Бугарија за проширување на гасната инфраструктура во близина на македонската граница, што ќе придонесе за поголема достапност и пониска цена на гасот, како и за зголемена енергетска сигурност во регионот. Во таа насока, двете страни се договорија за организирање на заедничка средба меѓу претставници на двете земји за подобра координација и размена на информации за заедничките проекти, соопшти МЕРМС.

На средбата со извршниот директор на грчкиот независен оператор за пренос на електрична енергија (IPTO – ADMIE), Манусакис, се разговарало за продлабочување на техничката соработка и за можности за нови интерконекциски врски кои ќе придонесат за стабилен и одржлив регионален енергетски систем.

– Вниманието кон Македонија на P-TEC форумот беше јасно – тоа е потврда дека нашата земја е активен и доверлив партнер кога се зборува за енергетска стабилност, стратешки инвестиции и сигурна иднина за регионот, изјави министерката Божиновска.

Таа изразила особена благодарност до премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, и до грчкиот министер за животна средина и енергетика, Ставрос Папастравру, за поддршката и вниманието што го посветиле кон Северна Македонија.

На маргините на форумот, министерката разговарала и со хрватскиот министер за економија Анте Шушњар, кипарскиот министер за енергетика, трговија и индустрија Ѓоргос Папанастасиу, како и со Дите Јул Јоргенсен, генерална директорка за енергетика во Европската комисија.

Форумот P-TEC, кој ги обединува министерите за енергетика од 25 земји од Европа и Северна Америка, претставува водечка платформа за дијалог и координација на политиките во насока на сигурна, чиста и поврзана енергетска иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Снимки од вселената открија тајни пукнатини на Глечерот на судниот ден: Промените се застрашувачки (ВИДЕО)

Следно

Алиу: Здравствениот систем на 21-от век се гради со дигитална инфраструктура која овозможува податоците да се движат заедно со пациентот

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop