На Болсонаро му e забрането да се кандидира за претседател на Бразил до 2030 година

June 30, 2023
1 min read

Четворица од седумте судии на повисокиот изборен суд гласаа за протерување на екстремно десничарскиот радикал, кој немилосрдно ги оцрнуваше бразилските демократски институции за време на неговиот неуспешен обид за втор мандат

Политичката иднина на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е доведена во прашање откако изборните судии изгласаа да му се забрани во наредните осум години да се кандидира за претседател поради злоупотреба на својата моќ и ширење „ужасни лаги“ за време на минатогодишните избори.

Четворица од седумте судии на повисокиот изборен суд гласаа за протерување на екстремно десничарскиот радикал, кој немилосрдно ги оцрнуваше бразилските демократски институции за време на неговиот неуспешен обид за втор мандат.

Еден судија гласаше против одлуката, а двајца треба да гласаат подоцна денеска. Но, гласовите на тие двајца судии нема да бидат доволни за промена на одлуката, пишува Гардијан.

Гласањето значи дека Болсонаро, кој ги загуби минатогодишните избори од неговиот левичарски ривал Луис Инасио Лула да Силва, нема да може повторно да бара избрана функција до 2030 година, кога ќе има 75 години.

Потегот да му се одземат политичките права на Болсонаро се заснова на неговата многу контроверзна одлука да покани странски амбасадори во неговата официјална резиденција минатиот јули, 11 недели пред првиот круг од изборите на 2 октомври.

Тогаш Болсонаро изнесе неосновани тврдења против бразилскиот електронски систем за гласање што предизвика гнев во јавноста. Еден судија на Врховниот суд ги оцени тврдењата на Болсонаро како политички мотивирани дезинформации.

Адвокатот на Болсонаро рече дека тонот на неговиот клиент на состанокот со амбасадорите можеби бил несоодветен и премногу отворен, но дека тој го кажувал тоа за да го подобри системот на гласање во Бразил.

Пред минатогодишните избори во Бразил, кои предизвикаа длабоки поделби во земјата, популистот кој му се восхитува на Доналд Трамп постојано ги напаѓаше електронските гласачки машини во Бразил. Болсонаро инсинуираше дека може да го отфрли изборниот резултат ако го смета гласањето за нефер, пишува Гардијан.

Милиони следбеници ја прифатија идејата на Болсонаро и на 8 јануари оваа година, една недела по инаугурацијата на новиот претседател Лула, илјадници приврзаници на Болсонаро упаднаа во претседателската палата. Влегоа и во Конгресот и во Врховниот суд со цел да ги поништат изборите.

„Идејата беше да се ослободиме од Лула“,

изјави еден од учесниците за „Гардијан“ утрото по нападот во главниот град Бразилија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кризниот министерски совет на француската влада одлучи да се распоредат оклопни возила на жандармеријата

Следно

Борко Ристовски ги поддржа фудбалерите на Вардар на стартот на подготовките

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop