На 85-годишна возраст продолжува да свири на ќеменче и саз кои самиот ги научил

March 30, 2025
1 min read

– Окан ЏОШКУН

МАЛАТИЈА (АА) – 85-годишниот Мехмет Ѓул, кој живее во местото Арапгир, во турската област Малатија, 65 години со истата возбуда продолжува да свири на ќеменче (жичен инструмент со три жици карактеристичен за земјите од Источен Медитеран и Црното Море) и саз, кои ги научил со сопствен труд.

Ѓул, кој живеел во маалото Богазли во Арапгир, на една свадба на која присуствувал во 1960 година се заинтересирал за инструментот ќеменче и решил да научи да свири на него.

Тешко заработените пари Ѓул му ги испраќал на својот брат кој служел воен рок во Бурса, а за кусо време, со поддршка на брат му се стекнал со ќеменче, неговиот прв инструмент.

Ѓул со текот на времето научил да свири и на саз. Основал музички бенд со 6 негови пријатели во 1970-тите. Бендот во почетокот свирел на свадби, а подоцна бил на сцената на официјални церемонии.

Ѓул кој е единствениот преживеан член на групата, посакува да ги научи своите внуци и роднини да свираат на инструменти. 

За АА Ѓул изјави дека под тешки услови го остварил својот сон за музика и дека не сака да се откаже од него.

Изјавувајќи дека многу ја сака музиката, Ѓул продолжи со зборовите:

„Музиката ја научив самостојно под тешки услови. Поминав низ многу тешкотии дома и во животот. Немавме ниту шпорет во нашата куќа. Сите заедно живеевме во една куќа. Со музика почнав да се занимавам на 20 годишна возраст. Бев на една свадба, свиреа на тапан и зурна. Ги слушав и си реков ‘ќе ја работам оваа работа’. Бидејќи нашата куќа не беше адекватна, свирев каде што ќе најдам место. Брат ми беше војник во Бурса, музичкиот инструмент го донесов од таму. Почнав полека, полека. Жиците ми се кинеа од време на време. Понекогаш не можев да најдам жица. Во тоа време правевме жица од цревата на животните. Татко ми изработуваше саз и ќеменче, а јас го гледав како го прави тоа. Татко ми секогаш велеше: ‘Никој друг не покажуваше ентузијазам, но овој мој син научи подобро од мене’. Кога ќе слушнев некој како пее песна, имитирајќи го ја учев.“

– „Патувавме по селата и свиревме музика“

Ѓул рече дека ќе се занимава со музика додека е жив.

Зборувајќи дека со 6-члениот бенд што го формирале свиреле музика на многу официјални и приватни активности, Ѓул на крајот го рече следното:

„Кога ќе излеговме на турнеја, не се враќавме дома 45-50 дена. Јас свирев ќеменче, а во групата членуваа и моите братучеди. Од членовите на групата најдолго живеам. Најдолго живееја до 80 години. Сега јас сум единствениот од групата. Со бендот што го формиравме во 1970 години свиревме 15 години. Шетавме по селата и свиревме музика.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајка на регионалниот пат кај мотел Велес, сообраќајот во прекин

Следно

Ивановски го загуби финалето во Опатија

Latest from Blog

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и

Отворен повик за универзитетска летна пракса во Општина Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола како дел од европската алијанса на универзитети КОЛОРС и Општина Битола, како асоциран партнер, трета година по ред објавуваат повик за зајакнување на капацитетите на студентите на

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком најтргувани; МБИ10 падна за 0,66%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 13.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.838,33 поени, со дневен пад од 0,66%, односно – 65,54
Go toTop