На 20-ти јули старт на подготовките, Пауновиќ го „скрати“ списокот на 18 одбојкарки

July 12, 2025
1 min read

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија на 20.јули во 12 часот стартува нов циклус подготовки за квалификациите за ЕП 2026. Селекторот Стефан Пауновиќ го „скрати“ списокот на 18 одбојкарки, кои ќе треба да се појават во Маврово.

Пауновиќ се потпира на веќе проверени сили, со оглед на тоа дека сите овие одбојкарки беа дел од претходната акција, односно настапија во некој од шестте натпревари од Европската Сребрена лига минатиот месец. Исклучок се коректорите Мери Бошковска, која поради повреда го пропушти комплетното учество и Андротеа Милевска, која ги одработи подготовките со А селекцијата, а потоа ја предводеше репрезентацијата до 19 години на Балканскиот шампионат во Тирана, Албанија.

Една недела одбојкарките на Македонија ќе бидат во Маврово, а потоа ќе продолжат во Скопје каде ќе тренираат уште една недела до првиот квалификациски натпревар со Грција на 3.август во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Натпреварот против Австрија се игра на 9.август во Виена. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Статуа на Богородица Марија во Неапол трансформирана во Палестинка

Следно

Комеморација за жртвите од „Пулс“ на Петровден

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop