На 13. Робомак ќе учествуваат 60-ина студенти, финалето ќе биде в сабота

May 12, 2025
2 mins read

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ од денеска до 17 мај ќе се одржува 13. Меѓународен студентски натпревар и работилница во роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција – Робомак (Robomac).

Ќе учествуваат околу 60 домашни и странски студенти, а по петти пат ќе биде организиран и натпреварот „Робомак јуниор“ на кој ќе се натпреваруваат 54 средношколци од 20 училишта во државава. Финалето на натпреварувачките тимови ќе биде в сабота, на последниот ден од Робомак.

Студентите се распоредени во пет натпреварувачки категории – ќе развиваат роботски системи што препознаваат визуелни и звучни команди, ќе дизајнираат интелигентни агенти за динамични сценарија, ќе комбинираат машински вид роботика за автоматизирано сортирање и ќе програмираат автономни тркачки возила. Покрај натпреварот ќе има и предавања од експерти. Средношколците талентирани за иновации на натпреварот „Робомак јунуор“ се поделени во две категории.

Успех во натпреварот им посакаа деканот на ФЕИТ, Владимир Атанасовски, ректорката на Скопскиот универзитет, Биљана Ангелова, државниот секретар во Министерството за дигитална трансформација (МДТ) – Гордана Клинчарова, претседателот на македонската секција на IEEE – Анастас Мишев и Филип Жаков, претседател на студентскиот огранок на македонската секција на IEEE.

Деканот Атанасовски истакна дека Робомак станал симбол на младешкиот ентузијазам, иновациите и бескрајната љубопитност кон технологијата кој, рече, сѐ повеќе е препознатлив во земјава но и во регионот.

-Робомак е место каде што се среќаваат идните инженери и иноватори, каде што се спојуваат идеите, страста и знаењето. Робомак е платформа што го надминува класичниот концепт на натпревар – инспирира, мотивира и поврзува… Преку натпреварите, работилниците и предавањата, Робомак создава средина во која младите луѓе учат да соработуваат, да истражуваат, да експериментираат, но и да се забавуваат, истакна Атанасовски.

Ректорката Ангелова на отворањето на натпреварот посочи дека Робомак е препознатлив зашто е единствен во земјава и оти нема само натпреварувачки дух туку развива креативност и иновации.

-Најдобар во доменот на вештачката интелигенција, автоматиката и електрониката. Овој настан е збир на талентирани умови и е доказ за зголемената важност на роботиката и вештачката интелигенција за нашето општество. Светот брзо технолошки се трансформира … денес гледаме кон иднината и јасно е дека роботиката и вештачката интелигенција ќе играат се поважна улога во обликување на нашата иднина и нашите животи, рече ректорката Ангелова која ги охрабри младите со порака да не се плашат од предизвици зашто „патувањето до некое откритие е исто толку значајно колку и целта“.

Гордана Клинчарова, државен секретар во МДТ, рече дека настаните како Робомак се клучни иницијативи „за иднината што ја градиме во време кога дигитализацијата е нужност“.

-Како Министерство за дигитална трансформација силно ги поддржуваме иницијативите и младинскиот дух, па така и оваа манифестација. Вие сте двигатели на дигиталната трансформација, со вашите идеи, прототипи и решенија не само што ја освојувате иднината туку и ја создавате овде, во лабораториите, на натпреварите, во соработките што ги градите, рече Клинчарова, додавајќи како држава се трудат да им обезбедат подобри услови за работа за да ги задржат во државава по дипломирањето.

Робомак се одржува со поддршка на IEEE – најголема глобална организација на електроинженери. Претседателот на IEEE македонската секција, Анастас Мишев, кој се осврна на мисијата на IEEE, на учесниците на годинашниот Робомак им посака „неколку инспиративни и возбудливи денови, исполнети со интересни предизвици, со иновативни решенија и со многу забава“.

Добредојде на учесниците им посака Филип Жаков, претседател на студентскиот огранок на македонската секција на IEEE, кој истакна дека Робомак „не е само технички натпревар туку симбол на амбиција, знаење, визија и упорност“. хс/са/

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ова се новите цени за туристичка такса во Грција

Следно

По протестот на НСП – МВР: Идеи и предлози веќе се имплементирани во Колективниот договор со Синдикатот

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема
Go toTop