МЗТ Скопје до прв триумф во полуфиналната серија со МКК Куманово

May 9, 2025
1 min read

Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија сигурна победа од 81:64 во првиот дуел со МКК Куманово од полуфиналната серија на плејофот во македонската машка кошаркарска лига.

Домаќините издоминираа во првите дваесет минути и му дозволија на противникот да постигне само 25 поени, па тоа беше доволно за рутински да биде заокружен првиот дуел меѓу овие ривали во плејофот.

Капитенот Дамјан Стојановски беше најрасположен во редовите на МЗТ и го заврши натпреварот со 18 поени, Крстевски уфрли 14, а Петков 12 поени.

Петровиќ со 15 и Луковиќ со 12 поени беа најдобри реализатори во редовите на МКК Куманово, екипа која ќе се обиде да го поправи впечатокот на вториот натпревар од серијата, на кој исто така ќе биде гостин.

Утре започнува и втората полуфинална серија во која се среќаваат ТФТ и Работнички.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јеменските Хуси објавија дека истрелале ракета кон израелскиот аеродром „Бен Гурион“

Следно

Турција и Грција ќе ја прошират соработката за достигнување на целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop