МВР со Тошковски е празник за криминалците, бараме оставка од Тошковски, порачаа од СДСМ

October 6, 2024
1 min read

„Синоќа во Чаир се случи уште едно пукање. Со дури четири прострелни рани, тешко е повредено младо момче од 19 години, кое се бори за живот. Ова е втор пат за 1 месец млад човек да биде жртва, во септември исто така од пукање беше повредено уште едно младо момче“, истакна на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Кузеска посочи дека состојбата со безбедноста на улиците е алармантно влошена и дека тоа е учинокот на Владата на Мицкоски во изминатите 100 дена.

„Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див Запад, пукање има речиси секој ден, на секој чекор. Криминалните пресметки се во голем пораст, наместо ред и поредок се случува хаос. Неказнивоста и неефикасноста на МВР е празник за криминалците кои немаат страв од Тошковски и прават што сакаат“, порачуваат од СДСМ.

Кузеска потсети дека со Тошковски на чело на МВР досега има над 20 случаи на употреба на огнено оружје или остар предмет, околу 10 убиства и обиди за убиства.

„Се случи убиство на бизнисмен кај Мавровка, обид за убиство во во Арачиново, убиство на доктор во населбата Железара, пукање и убиства во Синѓелиќ, во Чаир, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица….И нема разврска на овие инциденти ниту на убиствата. Едвај еден случај е расчистен“, укажа портпаролката на СДСМ.

Криминалците не се плашат од Тошковски, тој не може ниту полицајците да ги заштити, велат од опозициската партија.

„Само последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, полицајци. Такви беа случаите со запаленото возило на Началникот на полицијата во Струга, на инспектор во Виница. Сторителите се уште се непознати, одговорност нема“, беше потенцирано на прес конференцијата.

Од СДСМ велат „од затворите кој сака бега и кога сака излегува. Избегаа 10 затвореници од затворот Шутка. Одговорност нема.

„Лани, 2023 година Македонија беше прогласена за најбезбедна земја на Западен Балкан од страна на Глобалниот индекс за мир, а сега, само 100 дена во ВМРО-ДПМНЕ состојбата е алармантно влошена“ сметаат во СДСМ.

Тие го повикаа премиерот после сите скандали, после сите овие убиства, пукања, криминални пресметки без разрешница, да реагира и да го смени Тошковски, но очигледно го штити, рече Кузеска.

„Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи. Ако Тошковски ја сака Македонија ќе си поднесе оставка. Бараме оставка од Тошковски веднаш“, истакна на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска..

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган со сочувство за загубените животи во поплавите во БиХ, турските институции и организации испраќаат помош

Следно

Избувна пожар во подрумските простории од зградата на Општина Тетово

Latest from Blog

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ, порачаа шефовите на дипломатиите на Германија и Франција

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул и неговиот француски колега Жан-Ноел Баро оценија во Берлин дека е време Европската Унија да преземе нови чекори во насока на проширување, објавија германските медиуми.

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери – жени

Минчев на средба со амбасадорот на Црна Гора

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата беше истакната заедничката заложба за продлабочување на билатералната соработка со Министерството

Голем „пех“ за ПСЖ: Баркола сериозно повреден, ќе ги пропушти четвртфиналните дуели во ЛШ

фото: Fabrizio Romano @FabrizioRomano (X) Крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола, кој вчера постигна прекрасен гол на мечот со Челзи во ЛШ, се повреди во второто полувреме. Францускиот фудбалер беше заменет во
Go toTop