МВР поднесе кривична пријава против четворица лица поради несовесно работење во службата

February 24, 2025
1 min read

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Ф.Х.- началник на Регионалниот центар за гранични работи Запад, Н.С.- началник на Одделението за заеднички работи при Регионалниот центар за гранични работи Запад, Ц.Ј. – самостоен советник за финансиски работи во Одделението за заеднички работи при Регионалниот центар за гранични работи Запад и Б.Ј.  – началник на СВР Битола за време на извршување на делото, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в  од Кривичниот законик.
Во текот на 2021 година, МВР распиша оглас за јавна набавка на услуги за одржување на хигиена во работни и други простории на МВР и АНБ за период од две години,  при што е избрана фирма од Скопје.

Првопријавениот Ф.Х. и второпријавениот Н.С., испуштајќи ја својата надзорна контролна функција како раководители на организациската единица, не извршиле навремено следење на склучените договори со фирмата, со што првопријавениот потпишал договор за нарачки со кој ја надминал вредноста од рамковната спогодба и на тој начин направил финансиски импликации кон МВР, односно неможност навремено да се исплатат доспеаните фактури кон фирмата.

Третопријавената, надлежна за следење на Рамковната спогодба, следење и плаќање на склучените договори, не извршила  проверки во книговодствената документација на Регионалниот центар за гранични работи Запад за да утврди дали  по склучената Рамковна спогодба за набавка на услуги за одржување на хигиена се исцрпени сите парични средства.

Четвртопријавениот ја повлекол фактурата за исплата, иако услугите биле навремено извршени, со што направил финансиски импликации спрема МВР.  

По заведен судски спор, од страна на фирмата, заради неисплатен долг по фактури кои биле стасани за плаќање, Министерството за внатрешни работи е задолжено да исплати дополнителни трошоци на име камата за задоцнето плаќање и судски трошоци во износ од  215.079 денари, за кој износ е оштетен буџетот на МВР.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДКСК: “Договорени“ партиски вработувања во администрацијата генерираат ризици од корупција

Следно

Македонија со победа над Полска ги заврши евроквалификациите во кошарка

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова
Go toTop