МВР откри детали: Преземени дисциплински мерки за полициски службеници кои го пуштиле Груби да излезе од Македонија

December 18, 2024
2 mins read

Во врска со преминувањето на државната граница на Граничниот премин „Долно Блаце“ од страна на А.Г. иако имал активна мерка на стоп листа „задржи и веднаш извести“, на 15.12.2024 Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапи и по извршени проверки, извршен увид во службените материјали и по извршена анализа од обезбедени снимки од безбедносните камери од ПС за ГП „Долно Блаце“, Одделот утврди дека полицискиот службеник Б.Ј. со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки за патничко моторно возило „мерцедес“ при премин на државната граница на излез од РМ, не го евидентирал за остварување на излез од РМ и патниците од предметното возило А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач во возилото ги завел дека пешки ја поминале границата, односно со пропуштање на должниот надзор извршил гранична проверка во системот СКПВ за лицето А.Г. и при тоа не почекал системот да утврди дали предметното лице има активна мерка „задржи и веднаш извести“ туку веднаш на лицата им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин.

Со наведените дејствија, Б.Ј. постапил спротивно на чл. 12 т.1, чл. 13 с.1 т.8 од Законот за гранична контрола, со што сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина. Во врска со настанот, од страна на Одделот за внатрешна контрола до ОЈО за ГОКК – Специјализирано оддление за гонење на кривични дела сторени од страна на полициски службеници и затворска полиција доставено е известување заради запознавање на јавниот обвинител.

Исто така, од страна на ОВККИПС беше утврдено дека од страна на раководителот на смена Б.А. било сторено потешко кршење на работниот ред и дисциплина бидејќи истиот како раководител на смена имал обврска навремено да ги задолжува и раздолжува полициските службеници на смена со Мобилен систем за снимање со камери и тоа уредно да го евидентира во Евиденцијата за задолжување и техничка исправност на МССК. Истиот откако ги задолжил сите полициски службеници со МССК и истото го завел во евиденцијата, во 07:30 часот, од страна на полициски службеници Б.Ј., С.Ф., Б.А., Ф.Ф. и Е.Ш., било пријавено дека МССК не им работат бидејќи им се испразниле батериите.

Од страна на раководителот на смена Б.А. истите полициски службеници не биле задолжени со други МССК, бидејќи батериите не можеле да се наполнат. Од извршениот увид во горенаведената евиденција од страна на ОВККИПС исто така беше утврдено дека од страна на раководителот на смена Б.А. откако МССК биле вратени, истите не биле заведени во графите како раздолжени во самата евиденција, а воедно и не ја пополнил графата за забелешка каде што требало да го нотира настанатиот проблем со МССК.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесен е предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина против Б.Ј. и Б.А..

Против полицискиот службеник Б.Ј. Одделот изрече задолжителна мерка отстранување од работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продолжуваат обвинувањата на сметка на менаџментот во „Козле“, директорката демантира

Следно

Анализа на „Метаморфозис“: За парламентарните избори, мажите повеќе се рекламираат од жените

Latest from Blog

Кроасани

   Состојки: 1кг брашно 500 мл топло млеко 2 жолчки 1 цело јајце 40 грама свеж квасец 2 лажички шеќер 1 лажичка сол 100 мл масло            ФИЛ:

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата, СДС лаже за да добие ситни политички поени

Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата. Лага е дека се стопирани средствата. СДС лаже за да добие ситни политички поени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ. Нивните лаги

„Лица“ – изложба на Ангел Коруновски за борбата на поединецот во современото општество

Во изложбениот простор „Мала станица“ во Скопје, утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Лица“ на ликовниот уметник Ангел Коруновски. Станува збор за серија дела што се фокусираат на човекот како

Кејн со секој натпревар урива по некој рекорд, сега го собори оној на Робен

фото: FC Bayern Munchen (X) Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, постигна гол на вчерашниот натпревар против Хајденхајм (4-0) во 15-то коло од Бундеслигата, поставувајќи рекорд во германската лига. Англичанецот со вчерашниот

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го назначи гувернерот на сојузната држава Луизијана, Џеф Ландри, за специјален американски пратеник за Гренланд, голема данска полуавтономна територија за која претходно рече дека САД треба да
Go toTop