Муцунски: За одложна примена на уставните измени не е потребна промена на преговарачката рамка

September 10, 2024
1 min read

Ќе бидеме афирмативни и ќе работиме во духот на добрата верба со сите наши соседи, а примарната наша цел е да бидеме фокусирани на домашните реформи, владеење на правото, борбата со корупцијата и сето она што е потребно, доколку сакаме автентично да го трансформираме нашето општество одвнатре, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција со италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.

Муцунски посочи дека доколку постои добра волја од страна на земјите – членки на Европската унија, нема предизвик на којшто не може да се најде решение, додека пак, во врска со моделот на одложна примена на уставните измени, тој рече дека смета дека не се потребни промени на преговарачката рамка и заклучоците на Советот на ЕУ.

– Не го делам целосно ставот дека за моделот на одложна примена на уставните измени се потребни промени на преговарачката рамка и заклучоците. Тоа е прашање на правно толкување, јас сум застапник на ставот дека тоа може да се направи без никаква промена, рече Муцунски.

Целта е, додаде, земјава да обезбеди предвидлив пат кон европските интеграции и второстепено да ја заштити и политиката на проширување на вредности и принципи.

– Имаме за цел прво да имаме предвидлив пат кон европските интеграции, а второстепено да ја заштитиме и политиката на проширување на вредности и приципи. Колку и да делувам репетативен ќе го повторувам тоа. Сметам дека со овој пристап на одложни примени, прво како и секоја влада го штитиме нашиот национален интерес, повторно како влада да не бидеме понижени, да не бидеме доведени во ситуации какви што бевме доведени од нашите соседи, а второстепено да обезбедиме дека патот напред кон полноправно членство ќе биде врз основа на стандарадите и критериумите, подвлече Муцунски.

Неговиот италијански колега, Тајани, нагласи дека Италија заедно со Европската унија работи за Северна Македонија да биде ефективен член на Европската Унија во што е можно пократко време. Тој порача дека неговата посета не е само формална, туку е јасна порака за вложувањето на Италија за забрзување на пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.

– Со министерот ќе се сретнеме повторно во Њујорк на средбата „Пријатели на Западен Балкан“. Тоа е показател дека Италија верува во регионот и силно го поддржува… Северна Македонија е многу важна, земја пријател на Италија. Сакаме да го зголемиме присуството на италијанските претприемачи. Пред да слетам се сретнав во претприемачи кои сакаат да инвестираат во Северна Македонија и им кажав дека има многу можности за инвестирање и дека оваа Влада, сака и ќе ги поддржи инвеститорите, порача Тајани.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на италијанската дипломатија, Тајани во посета на Скопје

Следно

Македонија против Ерменија ќе се обиде да го поправи впечатокот од гостувањето кај Фарските Острови

Latest from Blog

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува
Go toTop