Муцунски во Луксембург – потпишана Меѓународната конвенција за заштита на професијата адвокат

May 14, 2025
1 min read

Од Стокхолм, каде што оствари работна посета на Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, отпатува за Луксембург, каде учествуваше и се обрати на 134-та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа. На сесијата учествуваа министри за надворешни работи на земјите членки и високи претставници на Организацијата.

Состанокот се одржа во контекст на актуелните геополитички предизвици, со фокус на поддршката за Украина, улогата на Советот на Европа во заштита на демократијата и човековите права, како и на натамошното зајакнување на европската соработка. Акцент во разговорите беше ставен и на новиот Демократски пакт за Европа и можностите за развивање на поинклузивна и поотпорна демократија.

Разменети беа мислења и за имплементацијата на Декларацијата од Самитот во Рејкјавик, за соработката меѓу Советот на Европа и Европската унија, како и за прашања поврзани со заштитата на животната средина од перспектива на човековите права. На маргините од состанокот, Северна Македонија ја потпиша Меѓународната конвенција за заштита на професијата адвокат, а во рамки на сесијата беше извршена и примопредавањето на шестмесечното претседавање со Комитетот на министри од Луксембург на Малта.

На маргините на сесијата, министерот Муцунски оствари и билатерална средба со министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан. Разговорот беше фокусиран на билатералните односи меѓу двете земји, како и на актуелните геополитички случувања.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тихомир Јанчовски ја објави стихозбирката „Пеколот е мало место“

Следно

Трамп пристигна во Катар, втора станица од турнејата низ Персискиот Залив

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop